Лука Карабатиќ стави крај на репрезентативната кариера

March 3, 2025
1 min read

Францускиот ракометар Лука Карабатиќ кој има 36 години објави крај на својата репрезентативна кариера која траеше 14 години и ја одбележаа 172 настапи (182 гола). Оваа информација ја потврди француската ракометна федерација.

 „Минатата сезона, кога брат ми Никола објави крај на кариерата во францускиот тим, ме натера да размислувам. Никогаш не си го поставив прашањето, но потоа почнав да се прашувам: „А ти Лука, каде си?“ По Игрите, имаше генерациско обновување со неколку заминувања, а потоа набргу по она на Тимотеј Н’Гесан. Кога се вратив на тренинзите во ноември минатата година, сфатив дека многу познати лица повеќе ги нема. Ова ме поттикна уште повеќе да се преиспитувам себеси. По неуспехот на Игрите, не сакав да завршам со горчлива нота. Сè уште имав можност да играм на последното големо натпреварување и да се обидам да ја завршам оваа авантура на висока нота. Тогаш се оформи мојата одлука“, порача Карабатиќ, кого ќе го гледаме во дресот на ПСЖ и следната сезона. 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На скопскиот аеродром слета првиот авион на Трансавија од Амстердам

Следно

Филмот „Анора“ триумфираше на годинешните Оскари со пет освоени статуетки

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop