На скопскиот аеродром слета првиот авион на Трансавија од Амстердам

March 2, 2025
1 min read

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вечерва, 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.

По 12 години пауза, Скопје се поврзува по воздушен пат со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ.

Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела.

Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.

Детали за достапноста и резервацијата на авиобилети, како и за времињата на пристигнување и заминување може да се најдат на веб-страницата на Трансавиа: https://www.transavia.com/home/en-nl  

„Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи и на туристите да ги искусат неговите живописни пејзажи”, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

“Со додавањето на Скопје во нашата мрежа, им нудиме на нашите патници уште повеќе можности за патување во рамките на Европа. Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или бизнис-патување, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација кон ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу сме горди што ќе летаме на оваа рута”, изјави Марсел де НојџерГлавен извршен директор на Трансавиа.

Оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје, која повторно се воведува по повеќе од 12 години, ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели.

Истата ќе овозможи полесен пристап на патниците да истражуваат нови дестинации, со што ќе се зајакне туристичката индустрија во двете земји.

ТАВ Македонија како аеродромски оператор е посветена да ја прошири својата мрежа на дестинации, да одржува долгорочни односи со авиокомпаниите, нудејќи постојана поддршка и флексибилност во прилагодувањето на фреквенциите на летање или пак времињата на летовите, со цел да обезбеди повеќе опции за директни летови, како и беспрекорно и ефикасно патничко искуство за сите патници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новата сезона во МОТО ГП започна со победа на Марк Маркез

Следно

Лука Карабатиќ стави крај на репрезентативната кариера

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop