Италијанската премиерка Мелони предупреди: „Ако се разделиме, тоа ќе нѐ направи послаби“

March 2, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Италијанската премиерка Џорџија Мелони, која во Лондон се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, рече: „Мислам дека е многу важно да го избегнеме ризикот да се подели Западот. Ако бидеме поделени, тоа ќе нѐ направи послаби“, известува Анадолу.

Британскиот премиер Стармер и неговата италијански колешка Мелони дадоа изјави за печат во пресрет на нивната тет-а-тет средба во Лондон.

Наведувајќи дека тие се собрале во многу важен момент, Стармер рече дека на минатогодишната средба во Рим разговарале на заеднички прашања, како што се економија, миграција, одбрана и безбедност.

Стармер нагласи дека со слични размислувања пристапуваат кон прашањата кои поврзани со двете земји.

– „Англија и Италија можат да играат обединувачка улога“

Изјавувајќи дека се во многу посебен период, премиерката Мелони рече: „Во овој период, меѓусебните разговори и координација се многу важни. Ви благодариме што сте домаќини на овој самит (на тема Украина).

Нагласувајќи дека се решени да ја постигнат целта за траен мир во Украина, Мелони истакна:

„Мислам дека е многу важно да го спречиме ризикот од поделба на Западот. Во овој момент, Англија и Италија можат да играат обединувачка улога. Исто така, предложив самит меѓу САД и европските лидери. Ако сме поделени, тоа ќе нѐ направи послаби“.

Премиерката на Италија рече дека Велика Британија и Италија се во хармонија во нивните билатерални односи и додаде: „И двајцата размислуваме надвор од вообичаеното и знаеме дека ни требаат нови алатки и идеи за да ги решиме проблемите што ги засегаат нашите граѓани“.

Билатералната средба се одржа во рамките на самитот за Украина, на кој денеска во Лондон ќе присуствуваат лидери и министри од многу европски земји.

На самитот, на кој се очекува да се интензивираат напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, ќе присуствува и украинскиот претседател Владимир Зеленски, со кого американскиот претседател Доналд Трамп имаше жестока расправија во Вашингтон на 28 февруари.

Британскиот премиер Стармер изјави дека се работи на мировен план со Франција и најверојатно со што уште една до две земји на тема за мир во Украина, кој се најде на врвот на агендата по дискусиите во Белата куќа и дека истиот план потоа ќе биде споделен со САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски по повод Прочка: Вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме со чисто срце

Следно

Елмас пак даде гол за Торино

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop