Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните

March 1, 2025
1 min read

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеникот Петар Марков, кој зборуваше за актуелна тема, поврзана со надзорната расправа, за ефектите од аерозагадувањето врз здравјето на луѓето и како сето тоа ќе влијае понатаму за изнаоѓање на решенија во интерес на граѓаните како и кои институции се вклучени во оваа расправа, односно имаат удел во прашањето за аерозагадувањето.

Најпрво пратеникот Марков ја образложи одлуката за одржување на надзорна расправа и кои чинители треба да бидат вклучени, за да успешно се третира проблемот со аерозагадувањето во Македонија.

„Се одржа седница на собраниската Комисија за здравство на којашто беше донесена одлука за одржување на надзорна расправа, на којашто ќе се третира проблемот со аерозагадувањето во Скопје но и на целата територија на државата. Важно е да бидат инволвирани сите засегнати, кои се чинители во системот на државата, но исто така тука спаѓаат и медицинските експерти коишто ќе дадат свое видување за ефектите на аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните. Сметаме дека на места каде што се разговара за здравјето на граѓаните, не треба да се остава премногу простор за политика и тоа беше прифатено од страна на сите пратеници кои се дел од собраниската Комисија за здравство и веќе осум месеци функционираме како што треба“, вели Марков.

Исто така тој наведе кои институциите ги опфаќа надзорната расправа, ставајќи акцент на универзитетските клиники и невладиниот сектор, како и за тоа каков е нивниот удел во третирањето на ефектите од аерозагадувањето.

„Опфаќа многу широк дијапазон на институции, коишто имаат удел во третманот на прашањето кон аерозагадувањето, значи тука секако ќе бидат колегите од универзитетските клиники коишто како експерт имаат допир со ефектите од аерозагадувањето, сите претставници на владата, коишто имаат исто така допир со темата на аерозагадување и генерално дали тоа ќе бидат инспекторати, буквално сите органи на државната управа, претставници од единиците на локална самоуправа, невладиниот сектор, којшто игра значајна улога во третирањето на ова прашање“, изјави Марков.

Пратеникот Марков, во поткастот наведе дека Комисијата за здравство е матично тело на надзорната расправа за аерозагадувањето и врши мониторинг врз мерките, потенцирајќи дека тој самиот е оптимист, исто така и дека Владата има капацитет да донесе соодветни решенија.

„Самата Комисија за здравство, како матично тело коешто ја организира оваа надзорна расправа, има и аспект на мониторинг на напредокот на предложените мерки коишто ќе поттикнат од самата надзорна расправа и затоа јас еве нескромно ќе кажам дека имам високи очекувања, знаејќи ги заложбите од луѓето коишто се дел од тимовите којшто го третираат овој проблем. Сметам дека има капацитет оваа Влада да најде решенија. Да, време ќе биде потребно, како што било потребно време за да се адресира ова прашање, низ многу голем број на светски метрополи“, рече Марков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и топло: Температурите до 15 степени

Следно

Медведев: Зеленски доби „жесток ќотек“ од Трамп

Latest from Blog

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на
Go toTop