СДСМ: Кочоска веднаш да си поднесе оставка, само човек без грам морал и совест, може да ги дискриминира жените

February 28, 2025
1 min read

По инцидентот во Собранието предизвикан од министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, кога на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петрска и рече дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство, има два сина, од СДСМ, побараа таа да си даде оставка, бидејќи покажала дека нема ниту грам морал, ниту пак совест.

„После сите нејзини срамни навреди и дискриминации кои ги погодуваат сите жени, секој човек кој бил дискриминиран таа не застанува. Наместо извинување, наместо признание за грешката, Кочоска и ДПМНЕ продолжуваат со нападите, продолжуваат со обвинувањата, продолжуваат со нивната дрскост и нечовечност. Наместо да покажат барем минимум почит и да се извинат, тие одлучија да ја нападнат уште повеќе, обвинувајќи ја дека „глуми жртва“ и дека била предмет на „лажни изјави“ и дефокус“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека целата јавност ја слушнала и ја видела изјават на Кочоска, затоа што навредите во Собранието, директно беа пренесена во живо преку медиумите.

„Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, дискриминација и нечовечност. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска покажаа дека не ги разбираат вредностите на современото општество, ниту болката што ја предизвикува ваквиот однос. За нас, Кочоска повеќе не е министерка. Кога навредува граѓанки на оваа држава, кога шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во Влада и да биде платена од парите на народот. Гордана Кочоска мора веднаш да си поднесе оставка“, бараат од СДСМ.

На вчерашната седница посветена на пратенички прашања, министерката за економија вака и се обрати на пратеничката Петреска:

„Пратеничке Славјанка Петровска, врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство. И научете во пописот што вие го направивте, едно просечно семејство е 3-члено, а не 4-члено. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!“, рече министерката.

Петровска ја критикуваше министерката за нејзините ставови.

„Министерке, ако ја направиме логиката како што вие ја направивте, ќе видите дека 13 литри млеко не се доволни за едно 4-члено семејство, освен ако не ги заменувате со бадемово млеко“, рече Петровска и додаде:

„Ако имаше дно, вие го пробивте“, заклучи Петровска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Атанасоски во Аргумент плус: Трамп преку својот карактер сака да наметне решение за крај на конфликтот меѓу Русија и Украина

Следно

Вајц: Голем дел од мојата работа, за жал, ќе биде да ја убедам Бугарија да го крене ветото

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата
Go toTop