Откажана прес конференцијата со Трамп: По расправијата, пропаднаа преговорите во Белата куќа?

February 28, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп по расправијата со Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека украинскиот претседател не е подготвен за мир.

„Денеска имавме многу важен состанок во Белата куќа. Се научи многу што не може да се разбере без да се разговара под таков оган и притисок. Неверојатно е што произлегува од емоциите, а јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој верува дека нашата вклученост му дава огромна предност во преговорите. Не сакам предност, сакам МИР“, напиша Трамп на Truth Social.

Заедничката прес-конференција потоа беше откажана, потврди претставник на Белата куќа.

Шефот на Белата куќа додаде дека Зеленски покажал непочитување кон САД среде Овалната соба.

„Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, рече Трамп.

Состанокот меѓу Трамп и Зеленски го промени тонот и стана многу помалку дипломатски кога американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс му рече на Зеленски дека Украина нема доволно мажи да ја продолжи борбата.

Украинскиот претседател одговори дека Џеј-Ди Венс не е во Украина за да го каже тоа, додавајќи „дојди и види“.

Работите се вжештија уште повеќе од овој момент.

Зеленски ја истакна потребата од безбедносни гаранции, на кои Киев постојано инсистираше.

Трамп го прекина Зеленски и му рече да „биди благодарен“ за она што САД веќе го направија за да и помогнат на Украина.

„Треба да бидете повеќе благодарни. Немате билети. Имате билети со нас. Но без нас немате билети“, рече Трамп.

„Вашата земја е во длабока неволја“, продолжи американскиот претседател, додавајќи дека „не победувате“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката разговараше со претставниците на Националната Алијанса за ретки болести на РМ

Следно

Тошковски за затворот Скопје: Повеќе функционирал како хотел промаја

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop