УЈП промовира нова услуга – електронско уверение за состојба на остварен доход

February 28, 2025
2 mins read

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска промовира нова електронска даночна услуга – Електронско уверение за состојба на остварен доход, која е достапна преку платформата „е даночни услуги“. Граѓаните ќе го добиваат ова уверение без чекање во редови, без физичко доаѓање на шалтерите во УЈП со само неколку клика на компјутер или мобилен телефон и за време од пет минути, во било кое време, односно 24/7.

Услугата ќе биде достапна за сите регистрирани корисници на системот „е даночни услуги“ од земјава, но и за странците со привремен и постојан престој во државата. Во најголем број случаи уверението ќе се добива без надоместок, а административна такса од 100 денари која се наплаќа за определени цели е целосно интегрирана во автоматската процедура. Новина е што граѓаните ќе можат да го добијат ова уверение и за остварените приходи во тековната година. Уверението е достапно за остварување на права како стипендии и школување, засновање или права од работен однос, социјална помош, детски додаток,…

-Во суштина не се работи за нова услуга, но самиот воспоставен процес дава можност да зборуваме за квалитативно нова даночна услуга, бидејќи направивме услугата да биде целосно бесконтактна, без вклучување на даночен службеник, заснована на користење на новите технологии на вмрежување и размена на податоци помеѓу системи во реално време, вклучувајќи и размена на податоци со други јавни органи, а резултатот е добивање на електронски документ кој ги исполнува сите стандарди согласно законот и соодветниот правилник за задолжителните елементи на електронскиот документ, рече директорката на УЈП Елена Петрова на денешната средба со новинарите и додаде дека услугата се заснова и на воспоставена размена на податоци во реално време со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за добивање податоци за исплатените пензии.

Услугата, како што кажа, користи електронски временски жиг и QR код преку кој со линк може да се пристапи до оригиналниот електронски документ што овозможува лесна верификација на неговата валидност.

-Постои целосна усогласеност на електронскиот документ со Законот и Правилникот за електронски документи што обезбедува целосна доверливост и правна сигурност на документот што го издава УЈП, рече Петрова.

Нагласи дека УЈП ќе ги информира другите институции дека овој документ е валиден и дека треба да го применуваат во својата работа.

-УЈП е орган кој има надлежност за да ги прибира податоците од исплатувачите и од граѓаните кои остваруваат оданочливи приходи што се прибираат во текот на годината и воедно има законска надлежност за издавање на вакво уверение кое има карактер на јавна исправа. Нашата цел е овој документ да се користи секаде каде што граѓаните имаат потреба да го користат. Затоа како дел од комуникацискиот план за промовирање на ова уверение ние вклучивме информирање на другите институции и на други даночни администрации каде граѓаните може да имаат потреба за аплицирање и поднесување на овој документ. Ќе бидат информирани и банките и работодавачите, односно секаде каде што може да се јави потреба граѓанинот во одредена постапка со овој документ да покаже колкави се неговите остварени приходи, потенцира Петрова.

Придобивки од новиот електронски документ, како што рече има и УЈП, бидејќи новата услуга ќе ослободи од други работни задачи скоро 30 вработени.

-Просечниот број на издадени уверенија на шалтер на годишно ниво е околу 31.000, а вработените во УЈП во просек трошат ефективно околу два часа работно време за изработка на уверението. Заштедата на УЈП е околу 62.000 работни часови годишно, што значи дека новата услуга ќе ослободи од други работни задачи околу 29 вработени во УЈП. Тоа за УЈП значи поекономично работење и придонес за заштита на човековата околина преку заштеда на хартија,тонери и слично, рече Петрова.

Најави дека во следниот период и другите уверенија и потврди од УЈП ќе станат електронски документи и ќе се администрираат бесконтактно и бесхартиено. Ги повика граѓаните да ја користат услугата, а како што рече вработените во УЈП и сите потребни упатства им стојат на располагање за сите отворени прашања.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од средина на април задолжително објавување на цените на веб страниците на маркетите

Следно

Парното поскапува: Нови цени од утре!

Latest from Blog

Атанасоски во Аргумент плус: Трамп преку својот карактер сака да наметне решение за крај на конфликтот меѓу Русија и Украина

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во Аргумент плус рече дека Трамп не само поради своето предизборно ветување туку и поради својот карактер сака да се наметне дека ќе најде решение за крај на

Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 кое ќе се одигра во Данска, Шведска и Норвешка. Во

Трамп ја прекина средбата со Зеленски во Белата куќа по бурната расправа

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно ја прекина средбата со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Белата куќа, откако жестоката размена на зборови во Овалната соба меѓу лидерите ги извади од колосек клучните разговори,

Откажана прес конференцијата со Трамп: По расправијата, пропаднаа преговорите во Белата куќа?

Американскиот претседател Доналд Трамп по расправијата со Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека украинскиот претседател не е подготвен за мир. „Денеска имавме многу важен состанок во Белата куќа. Се научи многу
Go toTop