Бугаринот Сроилов го освои Шарпланинскиот скијачки куп

February 28, 2025
1 min read

По 12 години пауза, Попова Шапка беше домаќин на 41. Шарпланински скијачки куп, најстарото и најголемо скијачко натпреварување во Македонија и на Балканот. На манифестацијата, која се одржа во текот на два дена, учествуваа 37 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар.

Во севкупниот пласман, победник за 2025 година е Бугаринот Константин Стоилов, кој доминираше на сите четири трки во слалом, освојувајќи прво место. Второто место му припадна на неговиот сонародник Иван Главчев, додека третото место го делат Мирко Лазаревски од Македонија и Марко Семенџиев од Бугарија.

Во женска конкуренција, Лирика Дева од Косово го освои првото место, пред Миа Паул од Бугарија и македонската скијачка Ева Милевска.

Наградниот фонд за победниците изнесуваше 1.000 евра за првопласираните, 700 евра за второпласираните и 500 евра за третопласираните. Традиционално, севкупниот победник, Стоилов, доби и куче шарпланинец, како дел од наградата.

Шарпланинскиот скијачки куп се одржува од 1947 година, а во 1957 година беше вклучен во официјалниот календар на ФИС. Иако купот имал неколку прекини поради недостаток на снежна покривка и организациски проблеми, оваа година се врати со голем успех и многу учесници.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат

Следно

Димитриевска: Предлогот за разрешување на Коцевски сè уште не е пристигнат во Советот на јавни обвинители

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop