Македонската судијка Анета Павловска доби бронзена значка, може да суди на грен-слем, АТП и ВТА турнири

February 28, 2025
1 min read

Македонската тениска судијка, Анета Паловска се стекна со највисоката бронзена значка со која стана главен интернационален судија.

Бронзената значка значи дека Павловска сега може да суди на грен-слем турнири, но и сите други АТП и ВТА турнири.

„Среќна сум да споделам дека минатата недела во Париз се стекнав со бронзена значка и станав главен интернационален судија кој може да суди на Грен слем, АТП и ВТА турнири. Ова ме прави вториот судија од Македонија во историјата со овој ранг, по Климе Буловски од Охрид. Кога јас ја започнував својата судиска кариера, тој веќе престануваше да суди, така што немав многу можности да учам од него, но сепак беше добар пример кој вреди да се следи, истакна Павловска“, изјави Павловска.

Полагањето беше во Париз, а за самиот чин на полагање како што вели самата на „нејзиниот“ Ролан Гарос беше уште нешто ќе се памети.

Се некако е поврзано со „градот на светлината“. Полагањето го завршив во Париз, на терените на Ролан Гарос – каде го судев и мојот прв Грен Слем и моето прво Грен Слем финале, а во Франција ја добив и мојата прва значка во 2016 година. Испитот траеше три дена и вклучуваше различни форми на тестирање – интеракции со предавачите, теоретски и практични тестови кои создаваа притисок, бидејќи симулираа реални ситуации во кои мораш да донесеш одлука за само неколку секунди, раскажува Анета.

Инаку, Анета Павловска е втор македонски судија со бронзена значка, претходно тоа беше Климе Буловски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Жерновски е отповикан поради тоа што ги прекршил дисциплинските правила“, рече Муцунски

Следно

Проблем за Флензбург, Симон Питлик мора на оперативен зафат

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop