Почина Борис Спаски-еден од најдобрите шахисти во историјата

February 27, 2025
1 min read

Рускиот шаховски велемејстор и поранешен светски шампион Борис Спаски почина на 89-годишна возраст, соопштија денеска Руската шаховска федерација и Меѓународната шаховска федеерација.

Спаски беше светски шампион од 1969 до 1972 година, а три пати се натпреваруваше за светската титула (1966, 1969, 1972 година).

Неговиот меч со Роберт (Боби) Фишер во 1972 година, прогласен за „меч на векот“, остана запаметен во шаховската историја. Спаски имаше право да го напушти дуелот и да биде прогласен за светски шампион со резултат 2:0. Но, тој реши да продолжи, а Фишер на крајот ја освои титулата.

Реваншот помеѓу Спаски и Фишер одигран во 1992 година е забележан како еден од најдинамичните мечеви. По 20 години, двајцата шаховски великани повторно се сретнаа, но овој пат во Белград и Свети Стефан во Црна Гора, во време кога беа во сила санкциите на ОН против Југославија. Фишер победи со 10:5, но со тоа ги прекрши меѓународните санкции.

Борис Спаски е роден во Ленинград, денешен Санкт Петербург, во 1937 година. Во Франција емигрирал во 1976 година, а во 1978 година станал француски државјанин.

Спаски во текот на кариерата настапуваше за Советскиот Сојуз, Франција и Русија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Над 100.000 ученици запишани во новата учебна година во Газа

Следно

Петровска во 24 анализа: Ќе поднесам претставка до Комисијата за антидискриминација за Димитриеска-Кочоска

Latest from Blog

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за

Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. (Скопје, 20.08.2026) – Првата конференција за македонски брендови
Go toTop