Вечер: За македонските новинари се расправаше во Конгресот на САД

February 27, 2025
2 mins read

Властите во САД решија да ги откријат сите корупции и политички манипилации вршени преку државниот фонд УСАИД меѓу кои се и корупциите во овој регион. На ред дојде и Македонија, анализира ВЕЧЕР.

-Во американскиот Конгрес се изнесе случај како по нарачка, со пари од УСАИД и Џорџ Сорос во Македонија преку “невладин“ сектор се креирале лажни вести и клевети кои, потоа се употребувани за уривање на македоснката власт и реперсија врз луѓе преку тн шарена револуција и со лажни вести и квалификации да се компромитираат американски конгресмени кои се против таквите корупции и процеси. За пример е земена Сашка Цветковска од “невладината“ ИРЛ која се крие зад статусот “новинар“ зад своите дејствија преку ИРЛ иако ИРЛ е само “невладина“ организација а не медиум и, логично, нема новинари туку некакви си активисти, без јасна дефиниција. Сашка Цветковска од ИРЛ, патем, за своите “истражувања“ е повеќе пати во јавноста прозвана дека врши клевета и рекет врз моќни компании, и осудена е за клеветите, пишува Вечер.

Активностите на УСАИД во Македонија беа тема на вчерашната дискусија во американскиот Конгрес, во Комисијата за надзор над работата на државната администрација на која конкретно се разгледуваше досегашната работа на агенцијата ДОГЕ на Илон Маск и злоупотребите кои тој ги откри во агенцијата УСАИД.

Еден од четворицата говорници поканети да се обратат пред Комисијата, Тајлер О’Нил од конзервативната фондација Херитиџ, посочи на истражувањата кои оваа фондација ги вршеше во Македонија во 2017 година, кога УСАИД беше активно вклучен во помагање на Шарената револуција. О’Нил кажа дека УСАИД своите активности тесно ги координирал со фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, која исто така беше отворено вклучена во организирање и финансирање на Шарената револуција.

Оваа поврзаност стана сериозен проблем за УСАИД по изборот на Доналд Трамп за претседател во 2016 година. Конзервативни организации како Херитиџ коментираа дека е недозволиво американската влада да координира политички активности со радикалниот крајно левичарски настроен милијардер Сорос. Бидејќи поврзаноста на УСАИД со Сорос стана неодбранлива, директорите на УСАИД се свртеа кон медиуми под нивна контрола да ги оцрнат критичарите на овие постапки.

Меѓу најгласните такви критичари беа сенаторот Мајк Ли, конгресменот Крис Смит, како и истражувачот на Херитиџ Мајк Гонзалез – тројцата посочуваа на политичката криза во Македонија, вмешаноста на американската дипломатија во неа и на непринципиелната и неприфатлива поврзаност на УСАИД со мрежата на Сорос.

И сите тројца беа повеќе пати напаѓани во медиуми поврзани со УСАИД дека се наводни соработници на Кремљ – омилената основа за оцрнување на нивните политички противници.

Помеѓу останатото, пред американскиот Конгерс се изнесени докази и изјави во кои се гледа дека американски конгресмени и политичари по нарачка и за пари се напаѓани и од македонски “невладини активсти“ од кампот на Сорос и УСАИД чии напади, потоа, се употребувани и цитирани во САД за потреби на приврзаниците на Џорџ Сорос.

Меѓу платениците кои свесно, за пари, ширеле лажни вести и клевети се спомнува и Сашка Цветковска, шефица на “невалдината“ IRL од Скопје, која неодамна е веќе осудена за клевета за емисија од ИРЛ емитувана на МТВ со извршна пресуда, а првостепено и со втора пресуда за клевета додека неколку други тужби чекаат на ред и рочиште.

Прашање е зошто емисија на ИРЛ оди и понатаму на јавниот сервис МТВ, кога постојат судски пресуди за ширење на лажни вести и клевети од ИРЛ и Сашка Цветковска?! И тоа на јавен сервис!

-Тоа е истиот ИРЛ и истата Сашка Цветковска кои, според официјални информации од властите во САД, УСАИД им одобрил грант од 655.000 евра неповратни пари за својот проект кој сега го гелдаме, и кој е осуден за лажни вести, односно клевети. Да се вратиме во Конгресот и темата за ширење лажни вести и клеветање од Сашка Цветковска на американски политичари од интерес за Џорџ Сорос. Фондацијата на Сорос има долга историја со УСАИД. Фондацијата Отворено Општество и УСАИД заедно го финансираа проектот OCCRP, медиум кој напаѓа конзервативци затоа што го критикувале Сорос, пишува порталот.

Целата вест прочитајте ја на ВЕЧЕР

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Муцунски: На евроамбасадорот Рокас му веруваме во неговата лична намера, но не сме сигурни во однесувањето на Бугарија

Следно

ОН: Над 100.000 ученици запишани во новата учебна година во Газа

Latest from Blog

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да
Go toTop