Монетарни движења: Пад на депозити и раст на кредити во јануари 2025

February 21, 2025
2 mins read

Според најновото соопштение на Народната банка на Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) бележи намалување од 1,6% на месечна основа, главно поради падот на депозитните пари, со негативен придонес и од краткорочните депозити и готовите пари во оптек. На годишно ниво, паричната маса се зголемува за 9,1%, благодарение на растот на депозитните пари, долгорочните депозити до две години, готовите пари во оптек и краткорочните депозити.

Вкупните депозити во јануари бележат месечен пад од 1,3%, целосно поради намалените депозити на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата се зголемуваат. На годишно ниво, вкупните депозити растат за 11,0%, најмногу поради зголемените депозити на домаќинствата, со позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.

Во јануари, вкупните кредити се намалени за 0,1% на месечна основа, како резултат на падот на кредитирањето на корпоративниот сектор, при раст на кредитите на домаќинствата. На годишна основа, забележан е раст од 11,3%, којшто се должи на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

Во јануари, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат пад од 5,0% на месечна основа, што произлегува од падот на депозитните пари, како и од падот на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на раст на долгорочните и краткорочните депозити во денари. На годишна основа, остварен е раст од 5,7%, којшто се должи на растот на депозитите на сите компоненти, со поголем придонес на краткорочните и долгорочните депозити во денари, при раст и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута и на депозитните пари.

Овој месец, кај кредитите на корпоративниот сектор е забележано намалување од 0,4% на месечно ниво, како резултат на падот на кредитите во денари, додека кредитите во странска валута бележат раст. Кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 14,2% на годишно ниво, во целост поради зголеменото кредитирање во денари.

Во јануари, вкупните депозити на домаќинствата бележат месечно зголемување за 0,2%. Промената се должи на растот на долгорочните и краткорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на пад на депозитните пари. Годишниот раст изнесува 14,2% и произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.

Кредитите на домаќинствата бележат месечен и годишен раст за 0,2% и 8,8%, соодветно, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Во јануари, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3%, при годишен раст од 8,4%, додека станбените кредити се зголемени за 0,5% и 12,7% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%, соодветно. Во јануари, кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1% и 9,0% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4%, при годишен пад од 4,6%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 10,2% на месечна и на годишна основа, соодветно.

Овие податоци се објавени од Народната банка на Република Северна Македонија и се достапни на нивната официјална веб-страница.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

32,3% Од албанците во Општина Бутел имаат позитивно мислење за Дарко Костовски!

Следно

Нема одговор од премиерот на писмото за газењето на правилата околу Скопје – европска престолнина на културата

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop