Касами сака и нов државен грб и нова химна и изедначување на албанскиот со македонскиот јазик

February 13, 2025
1 min read

Во изборната година за градоначалници во државава, досетливоста на власта нема граници. Откако премиерот Христијан Мицкоски рече дека не е лошо да се смени државниот грб зашто асоцирал на комунистичкото минато, коалицискиот партнер Билал Касами, отиде два чекори понапред. Смета дека ‘не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот – ова е ставот но и пакетот за кој Вреди ќе разговара со Христијан Мицкоски, зашто ова биле европски вредност.

„Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. „Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“, рече Касами.

Грбот на државата е во употреба, со мали модификации, уште од 27 јули 1946 година, a на 16 декември, во време на Владата на Никола Груевски, отстранета е црвената петокрака од социјалистичкиот македонски грб, симболот на Народноослободителната војна со која македонскиот народ ја добил слободата. Народниот мотив на лентата го изразува богатството и убавината на народниот бит. Житното класје, плодовите на афионот и листовите тутун го претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзиното стопанство. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, реката која тече е реката Вардар. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија и симболот на македонскиот народ.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Стојкоски нема да учествува во „градоначалничка трка“ за Град Скопје: Мојот фокус на работа е општина Ѓорче Петров

Следно

Зголемен број на заболени од грип: 53,6% повеќе случаи од минатата година

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop