Русија тврди дека Украина подготвува „воени провокации“ во Транснистрија

February 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денеска ја обвини Украина дека подготвува „оружена провокација“ против Транснистрија (Приднестровје), непризнат отцепен регион, меѓународно признат како дел од Молдавија, пренесува Анадолу.

„Според достапните информации, во блиска иднина, режимот на Киев подготвува оружена провокација против Приднестровската Молдавска Република (Транснистрија), која ќе ја изведат единиците на Вооружените сили на Украина, со учество на националистичката формација „Азов““, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана објавено на Телеграм.

Во соопштението се тврди дека се планира офанзива против руските војници во отцепениот регион, при што украинските сили наводно ќе бидат облечени во униформи на Руските вооружени сили.

„Руското Министерство за одбрана внимателно ја следи ситуацијата на границата на Украина со Приднестровската Молдавска Република и е подготвено да одговори на секоја промена на ситуацијата“, се додава во соопштението.

Во меѓувреме, молдавската Влада преку соопштение истакна дека властите не ги потврдуваат тврдењата на руското Министерство за одбрана.

„Повикуваме на смиреност и добивање информации од официјални и доверливи извори на Република Молдавија. Нашите сектори соработуваат со странски партнери, а во случај на закана за земјата, јавноста веднаш ќе биде информирана“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Кремљ во понеделникот ги нарече актуелните односи меѓу Русија и Молдавија „многу напнати“ поради фокусот на Кишињев „на сè што е антируско“, при полагање заклетва на новата Влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Ресин.

Молдавскиот министер за надворешни работи, Нику Попеску, во интервју за локалните медиуми доцна синоќа изјави дека земјата ќе започне да ги критикува договорите со Заедницата на независни држави поради целта на Кишињев за европска интеграција.

Заедницата на независни држави е регионална организација формирана по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година од неговите поранешни членки за поттикнување на соработката за економските, политичките и безбедносните прашања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

И денеска дојави за бомби во школи во Скопје

Следно

Скопската зоолошка ќе организира хуманитарен настан за Турција и Сирија

Latest from Blog

Страшен напад на пирани во Бразил- бебе остана без нога, повредени уште 6 лица (Вознемирувачко видео)

Во нападот се повредени седум лица, вклучувајќи и бебе на кое рибата му откинала дел од ногата, објавува „Дејли меил“. Инцидентот се случил на плажата Мирити во градот Манакапуро, во државата Амазонас,

Уапсени двајца малолетници поради вирален ТикТок тренд, родителите низ целиот свет се загрижени (ВИДЕО)

Младите корисници создаваат слики од непознат маж генерирани од вештачка интелигенција во нивните домови, а потоа се потсмеваат на своите мајки и татковци. „Ова е лудо! Што е ова?“ Во едно од

Драма во Словенија: Рафали во ромска населба во близина на Ново Место, интервенираат специјалци

Според првичните информации, засега нема повредени во инцидентот. Пукањето се случило кратко по завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која присуствувале и претставници на словенечката влада. На
Go toTop