Трамп потврди дека разговарал со Путин: „Рускиот лидер сака војната во Украина да заврши“

February 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во којшто станало збор за напорите за ставање крај на војната меѓу Москва и Киев, објави „Њујорк пост“, пренесува Анадолу.

Во изјава за „Њујорк пост“ во петокот, Трамп одби да прецизира колку пати разговарале двајцата лидери, но нагласи дека Путин е желен да види крај на конфликтот.

„Тој не сака да гледа повеќе како луѓето умираат“, рече Трамп. „Сите тие мртви луѓе. Млади, млади, убави луѓе. Тие се како вашите деца, два милиони од нив – и без причина“.

Трамп рече дека војната, сега во својата трета година, „никогаш немаше да се случи“ доколку тој бил претседател во 2022 година. Тој како спротивен го спореди својот пристап кон надворешната политика со оној на неговиот претходник Џо Бајден, велејќи: „Бајден беше срам за нашата нација. Комплетен срам.“

Американскиот претседател ја нагласи итноста за решавање на војната и нагласи дека има конкретен план за нејзино завршување. „Се надевам дека ќе биде брзо. Секој ден луѓе умираат. Оваа војна во Украина е толку лоша. Сакам да ја прекинам оваа проклета работа“.

Заедно со советникот за национална безбедност Мајк Волц од „Ер Форс 1“, Трамп изврши притисок за дипломатски разговори. „Ајде да ги продолжиме овие состаноци. Тие сакаат да се сретнат. Секој ден луѓе умираат. Млади убави војници се убивани. Млади мажи, како моите синови. Од двете страни. На целото бојно поле“.

– „Никој не сака да умре“ –

Во план е потпретседателот Џ.Д. Венс да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција следната недела.

Трамп предложи договор со Украина од 500 милиони долари за пристап до ретки минерали и гас во замена за безбедносни гаранции во одреден потенцијален мировен договор.

Осврнувајќи се кон Иран, Трамп сигнализираше отвореност за ненуклеарен договор, претпочитајќи преговори наместо воена акција. „Би сакал да се постигне ненуклеарен договор со Иран. Би сакал тоа, отколку да го бомбардираме… Тие не сакаат да умрат. Никој не сака да умре“.

Тој предложи дека таков договор може да ја одврати израелската воена акција. „Ако го склучевме договорот, Израел немаше да ги бомбардира. Сепак, тој беше нејасен за потенцијалните детали од преговорите. „На некој начин, не ми се допаѓа да ви кажувам што ќе им кажам. Знаете, не е убаво“.

„Би им рекол дека ќе склучам договор“, додаде Трамп, иако одби да прецизира какви отстапки би можел да понуди. „Не можам да го кажам тоа затоа што е премногу ужасно. Нема да ги бомбардирам“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Минусни температури во целата држава

Следно

Грнчарството, наследството на антички Сагаласос, во живот го одржува семејство од турското село Мамак

Latest from Blog

Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди

Пожар во продавница во Мексико, повеќе од 20 загинати

Во пожар што вчера избувна во продавница во северозападниот мексикански град Хермосиљо загинаа повеќе од дваесет лица, објавија локалните медиуми. „Моето искрено сочувство до семејствата и најблиските на оние што ги загубија

Ретроградниот Меркур во ноември носи компликации: Пет знаци на удар!

Со оглед на тоа колку е моќна планетата Меркур, сите хороскопски знаци би можеле да го почувствуваат неговото негативно влијание врз комуникацијата, технологијата и односите со минатото. Ретроградниот Меркур секогаш носи одредена

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94
Go toTop