Изгор сметки за струја – РКЕ бара политиката да не се меша, партиите со препукувања

February 8, 2025
1 min read

„Регулаторната комисија за енергетика, ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.“ 

Регулаторна со апел, но партиите денеска се „запалија“ на темата и не штедеа навреди едни кон други.

„Астрономски високите сметки за струја се директна последица на неспособноста на владата на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Со укинувањето на субвенциите за струја, ВМРО ДПМНЕ жестоко удри по џебот на граѓаните… Соочени со сметки кои достигнуваат од по 8.000, 10.000, 15.000 денари, дел од граѓаните бараат начин како да ги платат, а други бараат коригирање на сметките. Ова е се само дел од низата погрешни одлуки и политики на ДПМНЕ со кои за осум месеци го сразија стандардот на граѓаните.“, вели Богданка Кузеска.

СДСМ ја повика Владата итно да донесе одлука за укинување или намалување на ДДВ-то за струја и парно, како помош за граѓаните да го пребродат овој тежок период.

Писмено одговорија од ВМРО ДПМНЕ.

„Класично лицемерие и уште еден од низата на обиди за манипулација со граѓаните од истата СДС која ги осиромаши граѓаните и го уништи животниот стандард. СДС  го зголемија ДДВ на прехранбени производи од 5% на 10% и денес апсурдно е да сугерираат за намалување на истото“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, вчера РКЕ ги повика сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат за прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, да побараат од ЕВН Хоме кој е должен, да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди. РКЕ им посочи на потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката дека имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ и доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок од осум дена, имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган.

„За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на [email protected] и [email protected]. Против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор. 

Регулаторна потсети дека од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е  зголемена за помалку од еден процент или точно за 0,92  отсто.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Измамена 91-годишна скопјанка за 300.000 денари

Следно

Министерот Тошковски во посета на припадниците на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица во Кочани

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop