Хамас ослободи уште 3 израелски заробеници според договорот за прекин на огнот во Газа

February 8, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас денес ослободи уште тројца израелски заложници според договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Израел, јавува Анадолу.

Тројцата заробеници – Или Леви, Елијаху Шараби и Охад Бен Ами беа предадени од борците на Хамас на претставниците на Црвениот крст во градот Деир ал Балах, Централна Газа.

Еден од ослободените заробеници се појави во воена униформа на израелската армија, додека другите двајца беа облечени во кафена облека, јави репортерот на Анадолу.

Претставниците на Црвениот крст потпишаа документи за прием на заробениците и ги однесоа со возила за да ги предадат на израелската армија.

Израелската армија потврди дека е известена од Црвениот крст дека тројцата заложници им се предадени од Хамас.

Израелската армија треба да ослободи 183 палестински затвореници во замена за тројцата израелски заробеници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен лихвар од Битола – ги користел тешките состојби на граѓаните и давал пари на заем, по што наплатувал несразмерна камата

Следно

Муртезани: Постои огромен потенцијал во македонско-грчките односи, на патот кон ЕУ за нас нема поголем пријател од Грција

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop