Приведен лихвар од Битола – ги користел тешките состојби на граѓаните и давал пари на заем, по што наплатувал несразмерна камата

February 8, 2025
1 min read

На 07.02.2025 во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени  и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

Имено, на 05.02.2025 во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата.

Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од  Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата. По целосно  документирање на настанот, против К.С. ќе следува соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Македонија станува приватна компанија за семејни вработувања на ДПМНЕ

Следно

Хамас ослободи уште 3 израелски заробеници според договорот за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

 Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога
Go toTop