СДСМ: Македонија станува приватна компанија за семејни вработувања на ДПМНЕ

February 8, 2025
1 min read

Македонија станува приватна компанија за семејни и партиски вработувања под водство на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, обвинува опозициската СДСМ.

Во соопштението испратено до медиумите, СДСМ велат дека државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата.

„Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè во владините институции кои служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт. И додека партиските функционери си ги вдомуваат семејствата, младите и образованите луѓе се оставени на милост и немилост – со минимални можности за работа и достоинствен живот“ велат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека граѓаните наместо својата енергија и потенцијал да ги користат за напредок на земјата, тие се принудени да заминуваат во странство, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите од ДПМНЕ.

„ДПМНЕ не нуди правда, ни еднакви шанси, туку создава систем кој ја убива надежта. Непотизмот и судирот на интереси кои ги практикуваат директно ги удираат граѓаните – од институциите, од економијата, од безбедноста. Владата не работи за народот, туку за ‘своите’. Младите во Македонија заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем кој гуши таленти и го поттикнува иселувањето. Време е за промени“ повикуваат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минусни температури во цела Македонија, најстудено во Берово со -9 степени

Следно

Приведен лихвар од Битола – ги користел тешките состојби на граѓаните и давал пари на заем, по што наплатувал несразмерна камата

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop