Утрово минусни температури и магла, преку ден сонце

February 8, 2025
1 min read

Македонија утрово се разбуди со температури во минус и магла по котлините, но преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Температурите утрово се движеа од -6 до -1, додека максималните температури во текот на денот се очекува да достигнат до 4 до 11 степени, а сонцето ќе биде придружувано со слаб до умерен променлив ветер.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според УХМР, времето во следните денови ќе биде стабилно и суво, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на идната недела се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марко Одермат го освои светско злато во супер-велеслалом

Следно

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 11 степени

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop