Фон дер Лајен: МКС мора да може слободно да се бори против глобалната неказнивост

February 7, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Европа секогаш ќе се залага за правда и почитување на меѓународното право, изјави денес претседателката на Комисијата на ЕУ по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд (МКС), јавува Анадолу.

„МКС гарантира одговорност за меѓународните злосторства и им дава глас на жртвите низ светот. Мора да може слободно да ја продолжи борбата против глобалната неказнивост“, напиша Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

„Европа секогаш ќе се залага за правда и почитување на меѓународното право“, додаде таа.

Во четвртокот Трамп потпиша извршна наредба со која се санкционира МКС и го обвини за „нелегитимни и неосновани дејства насочени кон Америка и нашиот близок сојузник Израел“.

Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант се соочуваат со налози за апсење издадени од судот со седиште во Хаг во ноември минатата година за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

Претходно денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ја критикуваше извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд (МКС), велејќи дека тоа ја „загрозува“ независноста на судот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило

Следно

Флик: Стилот на игра против Валенсија е тоа што го сакам во Барса!

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop