Внимавај што зборуваш да не паднеш во дупка: Сведокот Трајковски добил закани пред судењето за убиството на Вања и Панче

February 7, 2025
2 mins read

Денеска продолжува судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, а сведокот кој што неодамна беше недостапен за органите на прогонот осомничен за друго кривично дело, Гоце Трајковски пред да започне севедочењето рече дека добил закани да внимава што зборува.

-Добив закани од овие психопатите од партијата, да внимавам што зборувам, за да не сум пропаднел во дупка. Само да знаат дека не им се плашам, јас не сум мало девојче или старец, истакна Трајковски.

На прашањето на обвинителката како дознал за изчезнувањето на Вања, тој рече:

-Кога станав од спиење видов на Фејсбук дека исчезнало девојче. И вртев на ќерка ми зошто учи во истото школо. Не ни крена, дигнав узбуна, зошто и ја прашав мајка ми зошто не се јавува. Ни рече биди мирен на час е, ја следам преку телефон. Потоа ми се јави мајка ми и кажа дека исчезнатото девојче е на Сашо кумот, рече сведокот.

Тој појасни дека таткото на Вања, Александар, му бил кум на првата свадба, поради старо кумство.

-Со Александар се немав слушнато 15-20 години. Мајка ми рече да му се јавам, имам луѓе секаде, и да го прашам дали му треба помош. И реков дека ми е глупо дека се немавме слушнато со години. Мајка ми вечерта пак ми рече да му се јавам. Ми го даде бројот и му пишав порака да ме побара доколку му треба помош. Ми врати дека е во полициска станица и кога ќе излезе ќе ме побара, сведочеше Трајковски.

Тој појасни дека истиот ден не се виделе, туку зборувале по телефон.

-Се слушнавме утре дента и ми рече ако можам да земам снимки од Лукоил. После ми се јави дека ги земал сам. Го прашав да не има дечко Вања или да не имало некој проблем, ми рече не. Првиот пат со Александар се видовме пред зградата од каде што беше киднапирана Вања, рече Трајковски.

Сведокот истакна дека Александар му ја покажал патеката каде се движела Вања. Тој одел по истиот пат и барал снимки од околните објекти. Во првиот објект му рекле дека снимките не им работеле, а потоа влегле во фризерница, која гледала кон зградата на девојчето. Идејата пак самите да ги бараат снимките ја добиле, како што рече, зошто полицајците биле собрани и ништо не правеле, изгледале како да играат криенка.

-Газдарицата ни даде на телефон да ги гледаме. Ги враќавме камерите назад за да видиме дали ќе помине пешки Вања. Се чудевме зошто локаторот на телефонот покажува дека се движела тука, а таа не поминува. Затоа проверивме дали на камерите ја има мајката на Вања, да не се снимки од друг ден, но неа ја имаше во 7.40 часот како трча испаничено. Девојката снимките ни ги даде на усб, рече сведокот.

По фризерницата, побарал снимки од кафеана во близина, но му кажале дека камерите не снимаат на улица, а претходно биле полицајци и ги земале снимките.

-Потоа се јавив кај другар во ,,Сејф сити” да провери на камерите, случајно да не заминала кон парк. Ми рече дека ја нема на камерите кон паркот. Ми рече дека цела полиција е вклучена и дека сите се чудат дека нема трага, како со хеликоптер да е земена, рече Трајковски.

Судењето е во тек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора

Следно

Мицкоски за дојавите за бомби во училиштата: Хибридни напади, директорите и полицијата ќе добијат протокол

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop