Градоначалникот на Рафа апелира да се обезбедат 40.000 шатори за раселените во Газа

February 6, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинскиот градоначалник денес апелираше до меѓународната заедница да обезбеди 40.000 шатори и засолништа за раселените цивили во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, во услови на обилни врнежи и силен ветер, известува Анадолу.

Раселените Палестинци поминаа тешка ноќ во Појасот Газа, откако лошото време донесе обилни дождови и силен ветер, кои ги поплавија шаторите и уништија многу од нив, продлабочувајќи ги нивните страдања во и онака тешките хуманитарни услови.

„Ситуацијата во Рафа достигна катастрофално ниво, со десетици илјади луѓе кои спијат на отворено под силен дожд и силни ветрови кои ги уништија нивните дотраени шатори, оставајќи ги ранливи на студ, глад и болести“, наведе во изјавата градоначалникот Ахмед ал-Суфи.

Тој додаде дека 90 % од станбените единици во Рафа се целосно уништени во текот на 15-темесечното израелско бомбардирање.

„Околу 52.000 единици беа делумно оштетени, поради што градот не можеше да ги прими погодените жители, без одржливо решенија за домување во блиска иднина“, посочи Ал-Суфи.

Тој предупреди дека градот Рафа ‘повеќе не е погоден за живеење’.

„Ситуацијата секојдневно се влошува без вистинска меѓународна интервенција за да се спасат Палестинците од опасноста од раселување, глад и болести“, нагласи Ал-Суфи.

Градоначалникот на Рафа ги повика Обединетите нации, хуманитарните организации и меѓународните тела да обезбедат ‘барем минимум неопходни средства за достоинствен живот пред катастрофата да се претвори во трагедија што не може да се контролира’.

„Меѓународната заедница мора веднаш да дејствува за да обезбеди 40.000 шатори и засолништа за раселените Палестинци во градот, кои останаа без покрив над главата од израелската окупација“, истакна А-Суфи, и додаде:

„Рафа умира, а секое одложување на адекватен одговор е смртна казна за илјадници семејства кои изгубија сè“.

Според Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, израелската војска уништила речиси 88 % од инфраструктурата на Појасот Газа за време на израелската војна, вклучувајќи куќи, витални објекти и јавни услуги.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена израелската геноцидна војна во Појасот Газа, во која од 7 октомври 2023 година се убиени повеќе од 47.400 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 111.000.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна во палестинската енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сестрата на Фросина со апел до цела јавност

Следно

Комисија од тројца судии ќе испитува дали имало пропусти во одлуката на судијката Алексовска-Стојановска за предметот на Васил Јованов

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop