Извештај: Франција веројатно уби десетици илјади Камерунци кои се бореа за независност

January 30, 2025
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Извештајот подготвен од 14 француски и камерунски историчари по 2,5 години работа откри дека Франција веројатно убила десетици илјади Камерунци за време на процесот на независност помеѓу 1945 и 1971 година, известува Анадолу.

Весникот „Монд“ објави дека комисија од 14 лица составена од француски и камерунски историчари на 21 јануари му го претставила на францускиот претседател Емануел Макрон својот извештај за процесот на независност во Камерун и на 28 јануари му го претставила на камерунскиот претседател Пол Бија.

Извештајот откри дека Франција спроведувала воена интервенција против движењата за независност во својата поранешна колонија, Камерун.

Комисијата, во својата 2,5-годишна студија, фрли светлина кон репресивниот став на Франција врз движењата за независност во Камерун и врз политичката опозиција во периодот од 1945 до 1971 година.

Според извештајот на комисијата, Франција употребила „сериозно насилство“ за време на војната за независност на Камерун, при што Владата во Париз убила веројатно десетици илјади Камерунци во периодот од 1945 до 1971 година.

Франција се обиде да го блокира подемот на Унијата на камерунскиот народ (УКН), националистичка партија која се залагаше за независност на Камерун.

УКН беше распуштена во 1955 година, а нејзините членови потоа беа подложени на репресија од париските власти. Француската Армија го уби водачот на УКН, Рубен Ум Ниобе.

Масакрот во Еките, Камерун, во 1956 година беше извршен во форма на напад врз невооружени цивили, при што камерунските цивили беа насилно раселени и однесени во концентрациони логори.

Извештаите на француското воздухопловство исто така открија дека во Камерун била користена запалива муниција.

„Иако комисијата нема законско овластување да ги опише овие практики како ‘геноцид’, навистина не може да се негира дека овие насилства биле прекумерни, бидејќи ги прекршуваат човековите права и законите на војната“, се вели во извештајот.

Француската историчарка Карин Рамонди, копретседател на комисијата, чии ставови се вклучени во извештајот, го даде следниот коментар:

„Оваа војна на деколонизација не заврши со независноста. И по независноста ние продолжуваме да постоиме (таму) и продолжуваме да користиме насилна репресија во име на земјата која стана независна.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗС: Распределба на нова противпожарна опрема низ државава

Следно

Ендрик ќе биде жртва на „пеколниот план“ на Реал Мадрид

Latest from Blog

Тотенхем има две имиња за нов менаџер, а доаѓа и нов спортски директор од Борусија (Д)

Поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е подготвен да стане главен тренер на Тотенхем доколку клубот не испадне од Премиер лигата. Според „Телеграф“, привремениот тренер на Спарс, Игор Тудор, дефинитивно

Надомест за каснување од кучиња – упатство за граѓаните на Прилеп

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Со

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1
Go toTop