92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

May 11, 2025
1 min read

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив, 14 за возење мотоцикл без возачка дозвола, 14 санкции за возење без заштитна кацига, девет мерки за возење мотоцикл без положен испит, четири санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија,  две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак стоп од полициски службеник.

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

Следно

Путин најави дека утре ќе разговара со претседателот Ердоган за разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop