58,2 милиони денари од „Булмак 2016“ за државата и четири општини до третиот квартал од 2025

October 16, 2025
1 min read

Износот за концесиски надоместоци од Булмак 2016 за четирите општини Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица, само за првите 9 месеци од 2025 година изнесува 45.420.255 денари

Пробиштип, 15 октомври 2025 – „Булмак 2016“, компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, ја информира јавноста дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096 денари концесиски надоместоци. Согласно законската распределба од нив 22% се слеваат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари и останатите 78% или 45.420.255 денари се слеваат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.

„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници  и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ изјави Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.

Компанијата со навремена исплата на средствата ја покажува и општествената одговорност кон локалната заедница. Средствата на локално ниво се распределуваат во четири општини каде што компанијата има активности. Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари. Овој прилив ја нагласува регионалната важност на работењето на рудниците Тораница и Злетово како стабилен извор за финансирање на општински проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги.

„Булмак 2016“ останува посветен на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста. 

Комбинацијата од стабилно производство и предвидливи уплати создава поголема сигурност за локалните буџети и дополнителен простор за развојни проекти на регионално ниво. Во фокусот на компанијата се безбедноста, ефикасноста и општествена одговорност, со континуирани инвестиции во технологија, модернизација и мерки за заштита на животната средина, во партнерство со локалните заедници.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Следно

Поддршка за Коњановски во Битола од Демократскиот сојуз на Власите и Демократската партија на Србите во Македонија

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop