40 милиони денари инвестиции и донации, реновирање и нова опрема во Клиниката за детски болести

June 25, 2025
1 min read

Нова медицинска опрема, кревети, столчиња и реновирани простории веќе се во функција на Универзитетската клиника за детски болести.
За да го видат одблиску завршувањето на 11 инфраструктурни и медицински проекти, Клиниката ја посетија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, кои беа пречекани од директорот на клиниката, Реџеп Мемеди.

„Вкупната вредност на овие проекти изнесува приближно 40 милиони денари, од кои 7,6 милиони денари се донација во медицинска опрема. Овие резултати не би биле можни без поддршката од Владата, Министерството за здравство, Фондот за здравство, одделот за педијатрија, медицинските тимови и административниот персонал“, изјави Реџеп Мемеди, директор на Универзитетската клиника за детски болести.

Министерот за здравство, Азир Алиу, увери дека ќе се работи на три здравствени столба.

„Првиот столб е инфраструктурата – директорот веќе го реализираше тоа со внатрешното реновирање. Вториот е технологијата, поврзана со услугата што ја даваат лекарите. Третиот се самите лекари – специјалисти, но и вложување во нивната едукација.“, изјави Азир Алиу.

Премиерот Мицкоски изрази задоволство бидејќи е направено многу работа за малку пари.

Клиниката за детски болести има отстрането повеќе од 40 тони отпад, стара мебел, електронска опрема и медицински инвентар кој бил надвор од употреба.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЛСКАТА ВЛАДА ДОНИРАШЕ 29.000 ЕВРА ЗА НОВИ СЕДИШТА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Следно

Во израелските напади во централна Газа убиено бебе и уште четири други лица

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop