„4 години работа за тебе“: Мицкоски ќе се обрати, градоначалниците ќе дадат отчет за сработеното

August 22, 2025
1 min read

Настан Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ ќе се одржи викендов (23-24.08.2025), во просториите на хотел Холидеј Ин, Скопје.

Саемот во сабота започнува во 11:00 часот, по што обраќање со цел отворање на настанот ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со свое обраќање во 11:20 часот.

Во останатиот дел од денот ќе се одржат панел-дискусии со градоначалниците, поделени по региони, воедно секоја општина ќе има и штанд на кој присутните ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и одблиску да се запознаат со нивната работа.

Вториот ден од Саемот, настанот започнува во 10:00 часот, при што ќе се одржат низа панел-дискусии меѓу кои панел-дискусии за 4 години развој и прогрес, инфраструктурни инвестиции, вклученоста на граѓаните во носењето на одлуки и меѓународна соработка, како и панел дискусија на која ќе се направи осврт на соработката помеѓу локалната и централната власт, на која ќе се обрати и Христијан Мицкоски.

Настанот може да го проследите и на јутјуб и фејсбук каналот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Сити и Рубен Диас ја продолжија соработката

Следно

3 хороскопски знаци во месец септември нема да успеат да побегнат од минатото: Ги очекува кармичка пресметка

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop