„300 стебла цреши, сите се оштетени“ – Овоштар од Тетово бара помош од општината

April 21, 2025
1 min read

Падот на температурите до -6 степени минатата недела предизвика значителна штета на многу дрвца, речиси 100%. Најпогодени се црешите и вишните кои до падот на температурите веќе процветаа.

Денеска го посетивме Ибрахим Фејзулаху кој има над 300 стебла цреши, кои се сериозно оштетени. Тој вели дека штетите се големи, бидејќи од 300-те стебла што ги засадил, секоја година родот бил од 12 до 15 тони.

„Ги уништи сите. Тие се 90 или 99% оштетени и можете да видите какви се. Овде во изминатите години берев 13, 12 тони до 15 тони. Минатата година градот целосно ги уништи. Годинава мразот повторно уништи се и немаме капацитет да одиме понатаму. Може да се каже 100%. Овде можете сами да видите колку се оштетени“, вели Ибрахим Фејзулаху.

Ибрахим ги повикува надлежните од Општина Тетово да излезат на терен и да ја проценат штетата, иако, како што вели, не бара стопроцентна отштета за загубите, туку малку помош би им била многу вредна. Според него, во сите други општини институциите ги земале предвид штетите.

„Бев во општината и пријавив. Воопшто не земаа предвид. Не знаеме што да правиме. Не бараме којзнае што. Малку да ја ублажат ситуацијата за да преживееме. Знаеме дека не можеме сето тоа да го платат, но за да преживееме мора малку да ја ублажиме ситуацијата. Тоа е она што го бараме, помош. Имаме 300 стебла. И сега оставаме на општината да излезат инспекторите на терен да видат“, велат Ибрахим Хејзулаху.

Поради празникот Велигден, од општина Тетово не успеавме да добиеме одговор, кој го очекуваме во текот на утрешниот ден. Во меѓувреме, ниските температури предизвикаа штета и на јаболката.

Во Преспанскиот регион е прогласена вонредна состојба и општината формираше комисија за проценка на штети. Во такви случаи, надоместокот со одлука на Владата покрива најмалку 10 до максимум 30 % од висината на проценетата штета.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот се простува од папата Франциск

Следно

Палестинците се обидуваат да најдат огрев од ѓубриштата поради кризата со гориво во Газа

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop