3.500 долари за „невакцинирана“ сперма

November 8, 2023
1 min read

Како и сите добри работи кои му се случиле на човештвото и оваа своите почетоци ги има во Фејсбук групи, чии членови и покрај уверувањата од американското ЦДЦ, се на став дека вакцините за ковид некако го оштетуваат човечкиот репродуктивен  систем, па бараат невакцинирани донатори.

Дел и од мажите во овие групи, кои се своето семе го етикетираат како „сперма што не е модификувана од МРНА“, инсистираат да донираат само на жени кои исто така не биле вакцинирани за време на пандемијата, бидејќи во спротивно „која е поентата?“

Во веста што ја пренесува Дејли меил се наведува и пример со човек од Калифорнија кој откупува невакцинирана сперма по цена од 3.500 долари.

Во декември 2020, сега веќе дискредитиран германски епидемиолог ја промовираше теоријата дека ковид вакцините можат да предизвикаат женското тело да го отфрли протеинот поврзан со плацентата и на тој начин да ги направи неплодни. Вака добро склопената теорија инстантно се рашири по социјалните мрежи.

Неговите тврдења се базираат на тоа што генетскиот код на протеинот во плацентата (syncytin-1) има минимална сличност со генетскиот код во протеинот на ковид-19. Според него, ако вакцините прават нашиот организам да произведува анти-тела кои нè штитат од ковид, тогаш истите тие анти-тела ќе ја отфрлат и плацентата.

Оваа теорија беше веднаш отфрлена со клинички тестови и искуства од реалниот живот во кои целосно вакцинирани жени остануваат бремени.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен оглас за избор на нови членови на Антикорупциска, старите без право на реизбор

Следно

Хамас тврди дека уништил уште 6 израелски тенка во Газа

Latest from Blog

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и

М-НАВ: Завршени сите активности за отстранување на стариот радарски систем

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен
Go toTop