21-годишно момче следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал

January 26, 2025
1 min read

21-годишник е обвинет за напад врз 19-годишна девојка во Скопје. Обвинителството тврди дека на 14 јануари осомничениот ја следел девојката од трговски центар до влез во зграда, каде што ја нападнал и ја допирал.

Според објавените информации од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), жртвата влегла во трговски центар и додека плаќала на една од касите, осомничениот, кој исто така пазарел во продавницата, ја забележал. Тој ја следел до блиска зграда, каде што ја нападнал и започнал да ја допира. Девојката успеала да се спротивстави и со викање го принудила напаѓачот да побегне. Осомничениот бил уапсен од полицијата неколку дена по настанот.

Обвинителството предложи мерки за заштита, како што се одземање на пасошот на осомничениот, редовно јавување кај надлежни лица и целосна забрана за приближување или контакт со жртвата.

Судот го прифати предлогот и ги определи мерките за обезбедување на жртвата и процесот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја

Следно

СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop