20 пациенти, од кои 6 предвреме бебиња, починаа во болницата во Газа поради прекинот на струја

November 13, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на починати поради прекинот на струја во болницата Ал-Шифа во градот Газа се искачи на 20, а меѓу нив се и шест предвреме родени бебиња, изјави денес директорот на болницата, јавува Анадолу.

„Шест предвреме родени бебиња и девет повредени лица од одделението за интензивна нега во болницата починаа денес како последица на прекинот на струја“, изјави Мохамед Абу Слима за Анадолу.

Тој рече дека во неделата седум пациенти на интензивна нега го загубиле животот во најголемата медицинска установа во Газа.

„Сите починаа како резултат на одбивањето на Израел да дозволи испорака на гориво во болницата. Во болницата сѐ уште има 33 предвреме родени бебиња“, рече тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека неговата Влада понудила гориво за болницата, но испораката била блокирана од Хамас.

Болницата Ал-Шифа и нејзината околина, како и другите болници во Појасот Газа последните денови постојано се цел на израелската армија.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.

Од почетокот на конфликтот, најмалку 11.180 Палестинци се убиени, меѓу кои 8.000 деца и жени. Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува речиси 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сан Франциско сјае

Следно

Топло време и утринска магла во следните два дена, од среда дожд

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop