19-годишник ја турнал и ѝ ја одзел ташната на 75-годишна жена во Кавадарци, полицијата го уапсила

May 25, 2025
1 min read

На 25.05.2025 во 01.20 часот на улица „Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.П.(19) од Кавадарци, по претходна пријава за извршено кривично дело „разбојништво“.

Според пријавеното, околу 21 часот во влез во зграда на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, тој ја турнал и на сила и ја одзел ташната на В.А.(75) од Кавадарци, во која имала 3 000 денари и мобилен телефон „моторола“, а В.А. при падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Кавадарци.

Во близина на местото на настанот била пронајдена ташната, а при прегледот кај А.П. биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Весна Мојсова-Чепишевска: Македонскиот идентитет е како Менделеев систем, со сите елементи

Следно

ОН: Потребен е ефикасен и одржлив проток на помош за да се спречи катастрофата во Газа

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop