154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

February 4, 2026
1 min read

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат бројни делегации.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состојба на патиштатa

Следно

Барселона поднесе кандидатура за домаќин на финалето во ЛШ 2029

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop