ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи

January 5, 2023
1 min read

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ.

Како што посочуваат од ЗНМ, според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со претседавањето со ОБСЕ, за што е склучен е договор со приватна маркетинг компанија.

Потсетуваме дека ваквата постапка од страна на МНР директно е во спротивност со претходна владина одлука од 22 август 2017 година со која практично се става мораториум на владините реклами во приватните медиуми. Оваа одлука, која ја надополнува активната законската забрана за владини кампањи, им укажува на сите органи на државната управа како и на единиците на локалната самоуправа да престанат да се рекламираат во комерцијални телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл., наведуваат од ЗНМ.

Оттаму алармираат дека праксата за плаќање на владини кампањи во медиумите со пари на граѓаните, освен што е незаконска и во спротивност со претходни владини одлуки, истата може да ги поттикне и останатите јавни институции да ја применуваат, со што дополнително би се нарушил кревкиот медиумски пазар.

– Оваа пракса на скап и селективен начин на откупување на медиумски простор преку владини кампањи не може да се смета како поддршка на медиумите, туку како обид за нивно корумпирање и истовремено за промоција на политичка пропаганда на штета на јавниот интерес, се вели во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масакр во Јута: Тела на осумчлено семејство пронајдени во куќа, меѓу нив има 5 деца

Следно

Гвардиола: До крајот мораме да бидеме совршени ако ја сакаме титулата

Latest from Blog

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на

Три локации во Скопје се поплавуваат по секој интензивен дожд

За критичните точки на булеварот „Србија“ и кај „Мавровка“ се изработени технички решенија, чија реализација треба значително да ја намали можноста за поплавување на овие локации. Состојбата кај кружниот тек кај „Ист

Божиновска: „Чешка е наш докажан и значаен партнер, целта се конкретни проекти и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите

Гинов: По дефектот, водоснабдувањето во Битола постепено се нормализира

По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, информира директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола, м-р Андреј Гинов. Гинов посочува дека во моментов резервоарите
Go toTop