Желјазков: Вметнувањето на Бугарите во Уставот на С Македонија не е билатерално прашање, туку услов на ЕУ

May 25, 2023
2 mins read

„Условите ги постави Европската комисија и за нас е важно тие да бидат исполнети бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во РСМ“ вели претседателот на бугарскиот парламент за БГНЕС

Бугарија верува дека Северна Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија врз основа на сопствен придонес, вели претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков во интервју за БГНЕС.

Претседателот на бугарскиот парламент, Росен Желјазков/Фото: Принтскрин (Архива)

„Сметаме дека ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи тоа може да се претвори во скептицизам. Потребни им се брзи одлучувачки акти и дефинитивни одлуки без да ја бараат причината надвор од себе. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни“,

наведува Желјазков за бугарската новинска агенција по завршувањето на посетата на Ватикан и Италија каде што ја предводеше делегацијата на Бугарија по повод чествувањето на 24 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Покрај аудиенција кај папата Франциск, спикерот на бугарскиот парламент имал средби со кардиналот Пјетро Перолин и со претседателот на Домот на пратеници на италијанскиот парламент, Лоренцо Фонтана.

Инаку, во рамките на чествувањето на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, Желјазков и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводеше македонската делегација, заедно положија венци цвеќе пред македонската и бугарската плоча во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Во разговорите на претседателот на бугарскиот парламент со претставниците на Ватикан и Рим станало збор и за односите меѓу Софија и Скопје и за политичките процеси на Западен Балкан.

„Западен Балкан е исклучително важен за Италија и за Светата столица, бидејќи ова е област што дава можности за историски конфликти“,

нагласува Желјазков.

Бугарскиот став за РСМ, наведува тој, е особен интерес за Ватикан и Италија, особено за темите што неодамна беа покренати на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик.

„Изјавивме дека нашиот став останува непроменет. РСМ треба што поскоро да го започне и заврши преговарачкиот процес и да стане полноправна членка врз основа на т.н. сопствен придонес. Одлуката треба да биде во насока на исполнување на критериумите за членство и успешно завршување на преговарачкиот процес, а не заради политичката одлука сама по себе“,

вели Желјазков.

Тој истакна дека за Бугарија е важен условот што го постави Европската комисија за уставната промена, со која, како што се вели во интервјуто, Бугарите треба да бидат вклучени како државотворен народ во Уставот на земјава.

„Ова е апсолутен предуслов за почеток на преговорите. Ова не е наше билатерално прашање, тоа е услов кој е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите, кој го следи Европската комисија (ЕК)“, додава претседателот на Народното Собрание на Бугарија.

Желјазков вели дека ставот на Бугарија не е поврзан со поставување услови или попречување на самиот процес.

 „Условите ги постави ЕК и за нас е важно тие да бидат исполнети бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во РСМ“,

вели тој.

Минатата недела реториката меѓу официјално Скопје и официјална Софија доби на жестина.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на Самитот на Европа во Рејкјавик на 17 мај рече дека дискурсот што го користи Бугарија кон Северна Македонија е многу сличен со оној што Руската Федерација го користи кон Украина. Острата реторика на Ковачевски беше одговор на претставникот на Бугарија на Самитот, потпретседателката на земјата Илијана Јотова, која на на една од сесиите во рамките Самитот обвинила за „систематското газење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“.

Следниот ден, македонскиот премиер прашан за коментар на изјавата на претседателот на Бугарија, Румен Радев, дека Северна Македонија може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, повторно возврати:

 „Откако работната група за уставни измени ќе ги направи амандманите, значи дека наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“.

Тој нагласи дека уставните измени се дел од Преговарачката рамка со Европската Унија „бидејќи ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија“.

„И затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа дека државата треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа“,

беше дециден Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Ел Салвадор убиен 1 полицаец

Следно

Пригожин објави дека единиците на „Вагнер“ се повлекува од Бахмут: Ќе се заменат со редовните руски трупи

Latest from Blog

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,
Go toTop