Земјотресот во Турција ги омекна и најтврдокорните непријателства: Ерменија ѝ понуди помош на Анкара за справување со катастрофата

February 7, 2023
1 min read

Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан, кој е во официјална посета на Берлин, пред новинарите изјавил дека Ерменија е подготвена да испрати хуманитарна помош во производи и спасувачки тимови во двете земји. Тој, сепак, не кажал дали понудите на неговата земја се прифатени

Мирзојан потсетил на разорниот земјотрес што ја погоди Ерменија во 1988 година и дека во тоа време на земјата ѝ била потребна меѓународна помош

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска од Берлин изјави дека неговата земја им понудила помош на Сирија и Турција во нивните напори за справување со последиците од разорниот земјотрес, и покрај тешките, речиси непријателски односи меѓу Ереван и Анкара, јавува Асошиејтед прес.

Министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, на прес-конференцијата со својата германска колешка, Аналена Бербок во Берлин/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Мирзојан, кој е во официјална посета на Берлин, како што пренесува новинската агенција, пред новинарите изјавил дека Ерменија е подготвена да испрати хуманитарна помош во производи и спасувачки тимови во двете земји. Тој, сепакм не кажал дали понудите на неговата земја се прифатени.

Шефот на ерменската дипломатија потсетил на разорниот земјотрес што ја погоди Ерменија во 1988 година и дека во тоа време на земјата ѝ била потребна меѓународна помош.

На 7 декември 1988 година Ерменија беше погодена од два последователни земјотреса, кои убија 60 000 луѓе и уништија речиси половина милион згради.

Двата потреси, кои се случија во интервал од една минута, беа со магнитуда од 6,9 и 5,8 степени според Рихтеровата скала и беа почувствувани во Грузија, Турција и Иран.

Во врска со односите меѓу двете земји, на дипломатско ниво тие се непостоечки, а непријателскиот дискурс што владее меѓу двете земји влече историски корени уште од т.н. „геноцид врз Ерменците“ извршен од страна на младотурската влада на Отоманската Империја во периодот на Првата светска војна (1914 – 1918 година). Турција до ден-денеска негира дека станува збор за геноцид тврдејќи, според „Британика“, дека иако се случиле злосторства немало официјална политика на истребување спроведена против ерменскиот народ како група. Друг момент што сериозно ги обременува односите меѓу двете земји е поддршката на Турција за Азербејџан во конфликтот со Ерменија за регионот на Нагорно Карабах.

Инаку, како што потсетува италијанскиот институт за меѓународни политички студии, Турција е првата земја што ја призна независноста на Ерменија по колапсот на Советскиот Сојуз.

Спасувачките екипи извлекуваат жртви и повредени од урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Уште еден пример дека природните катастрофи можат да го разбудат хуманиот инстинкт и меѓу традиционални непријатели е испраќањето тим спасувачи и опрема од страна на Грција, која исто така има затегнати односи со соседот Турција, и покрај тоа што двете земји се сојузнички во НАТО.

„Верувам дека зборувам во име на сите мои колеги во грчкиот парламент изразувајќи ја мојата најдлабока тага за многуте жртви на многу силните земјотреси што ја погодија Турција од вчера наутро“,

рекол грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска обраќајќи им се на пратениците кои ракоплескале кога тој најавил дека се подготвува дополнителна помош.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парична помош за родителите на деца со попреченост во Петровец

Следно

Спасени уште три деца од урнатините по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Бразил само до бод против Мароко!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да

„НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ, НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ“ Орбан реизбран за лидер на Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април

Битолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени од комунална такса

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека

Полјаци копале во дворот и пронашле фетуси

Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“. Откритие за време на земјени работи Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на
Go toTop