Зеленски пристигна во Џеда за самитот на Арапската лига

May 19, 2023
1 min read

ЏЕДА (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска пристигна во Џеда, Саудиска Арабија, за да присуствува на самитот на Арапската лига, јавува Анадолу.

Се очекува украинскиот претседател да одржи говор на настанот.

„Ја започнувам мојата прва посета на Кралството Саудиска Арабија за подобрување на билатералните односи и врските на Украина со арапскиот свет“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој ќе разговара за прашања кои се однесуваат на „политичките затвореници на Крим и привремено окупираните територии, враќањето на нашиот народ, формулата за мир, енергетската соработка“, рече украинскиот претседател.

„КСА (Кралството Саудиска Арабија) игра значајна улога и ние сме подготвени да ја подигнеме нашата соработка на ново ниво“, додаде тој, мислејќи на Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија и Украина во февруари склучија договор, според кој Кралството обезбеди хуманитарна помош од 400 милиони долари за земјата во која владее војна.

На овогодинешниот самит ќе присуствува и рускиот сојузник Сирија, чие членство беше вратено по 12-годишна суспензија.

Учеството на Сирија беше суспендирано по репресијата на Башар ал Асад врз масовните демонстрации во 2011 година, што доведе до граѓанска војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Интервју со Весела Чернева на тема „бугаризација на Македонија“

Следно

Во Танзанија се урна авион: Загинаа четири лица

Latest from Blog

Советот ја укина суспензијата: Цветановски се враќа на функција – предметот за бонусите во СЈО повторно на разгледување

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно се враќа на работа во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија. Одлуката е донесена по утврдени пропусти во постапувањето

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Најмногу дожд 4 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, 2 во Маврови Анови, а по 1 во Виница, Куманово, Попова Шапка, Крушево, Струмица,
Go toTop