Зеленски објави детали за неговиот „план за победа“

September 22, 2024
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Џо Бајден да и дозволи на Украина да изврши напади со долг дострел во Русија користејќи оружје доставено од САД и да обезбеди „место во историјата“ со „зајакнување на Украина“ пред да ја напушти функцијата.

Говорејќи пред клучното патување во Вашингтон следната недела, каде што ќе се сретне со Бајден и претседателскиот кандидат Камала Харис, како и ќе се обрати во ОН, Зеленски рече дека ќе претстави „план за победа“ за ставање крај на војната.

Неговата визија за „праведен мир“ сè уште не е објавена. Но, Зеленски рече дека планот вклучува извршување длабоки напади со западни ракети во Русија – нешто на што Лондон и Вашингтон досега одбиваа да се согласат. Обединетото Кралство навести дека е подготвено да и дозволи на Украина да ги користи британските крстосувачки ракети „Сторм шедоу“, но Белата куќа и понатаму е скептична. Британскиот премиер Кир Стармер не се осврна на ова прашање за време на приватните разговори со Бајден минатата недела во Вашингтон.

Зеленски потврди дека нема зелено светло и покрај повеќемесечните дипломатски напори.

-Ниту САД, ниту Велика Британија не ни дозволија да го користиме ова оружје на руска територија, против какви било цели и на која било далечина, рече тој.

Запрашан како би се обидел да го убеди Бајден кога ќе се сретнат в четврток, Зеленски го спомена фактот дека Бајден во минатото „го променил своето мислење“ по „тешките дискусии“.

-Некои членови на неговиот тим ги поддржуваат нападите, рече тој – што е „веќе достигнување“. Бајден може да ја зајакне Украина и да донесе важни одлуки за да ја направи Украина посилна и да ја заштити нејзината независност додека е претседател на САД. Мислам дека ова е историска мисија, додаде Зеленски.

Зеленски рече дека „многу веројатно“ ќе има средба со Доналд Трамп в четврток или петок.

-Нашите тимови се во контакт. Нема да гледам во иднината, но мислам дека тоа ќе биде важно за нас двајцата, рече Зеленски.

Зеленски ја опиша минатомесечната украинска иницијатива во рускиот регион Курск како успешна, сугерирајќи дека таа може да стане дел од идните преговори. Тој рече дека операцијата ја спречи Москва да изврши сопствен напад врз северната украинска провинција Суми.

-Непријателот беше принуден да премести 42.000 војници од другите делови на фронтот, додаде тој.

Тој призна дека ситуацијата во источна Украина и понатаму е тешка и дека на Киев му треба оружје со долг дострел за да се спротивстави на руските напади со воздушни бомби. -Тие бомби уништуваат сè, рече тој.

Зборувајќи за неговиот план, Зеленски нагласи дека во тоа имала улога и „операцијата Курск“, но одби да открие детали. Другите елементи на планот вклучуваат повеќе оружје и економска поддршка.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин рече дека ракетните напади врз Русија со американско оружје ќе бидат еднакви на приклучување на НАТО во војната. Тој се закани со сериозни последици. Украинските власти ги отфрлија неговите коментари како уште една во низата празни закани. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја утре дел од општина Кисела Вода

Следно

СУЗАНА СПАСОВСКА ГИ ИСПЕА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА И „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“ НА КОНЦЕРТОТ НА „ТАНЕЦ“ ВО ПОДГОРИЦА

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop