Зеленски најави голема реформа во судството со цел брзо приклучување кон ЕУ

May 12, 2023
1 min read

Промените, рече Зеленски, ќе бидат дел од новиот социјален договор што ќе обезбеди граѓаните да се чувствуваат безбедно и заштитено

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа објави дека го одобрил планот за реформи за унапредување на казнениот систем и системот за спроведување на законот, клучни елементи во плановите за обезбедување брзо членство во Европската Унија.

„Мораме да обезбедиме систем кој гарантира правда и владеење на правото во нашата земја, компатибилен со нашата цел за брзо приклучување кон Унијата“,

рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Промените, рече Зеленски, ќе бидат дел од новиот социјален договор што ќе обезбеди граѓаните да се чувствуваат безбедно и заштитено.

„Довербата во државата се заснова на довербата во оние кои дејствуваат во нејзино име. Спроведувањето на законот и обвинителството се клучни за тоа, како и сите што работат во државниот апарат“,

тврди тој.

Украина, која се бори против руската агресија, официјално поднесе барање за членство во Унијата, а ЕУ го гледа крајот на „ендемската“ корупција, надградбата на законодавството и реформите во судството како клучни елементи на тој украински пат, пишува Ројтерс.

Брисел му додели на Киев официјален кандидатски статус во јуни минатата година, четири месеци откако Русија ја започна инвазијата, но процесот на пристапување во Европската Унија обично трае со години, бидејќи законите и регулативите на земјата-кандидат се усогласени со правилата на Унијата.

Но, Зеленски сака тој процес да се забрза и преговорите за членство да започнат оваа година. Во тој поглед, тој ја доби поддршката од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која ја посети Украина на почетокот на март.

„Се надевам дека преговорите за пристап може да започнат веќе оваа година. Иднината на Украина е во Европската Унија“,

рече Мецола во Лавов.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Поради пожар, затворен за сообраќај мостот кој води од „Ист гејт“ кон Железничка станица

Следно

Туркије: Реставрираната Моминска кула во Истанбул повторно блесна

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop