Зеленски го повика кинескиот претседател да ја посети Украина

March 29, 2023
1 min read

Кинескиот претседател не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина, но Пекинг минатиот месец објави план од 12 точки кој нуди политичко решение на украинската криза

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани својот кинески колега Си Ѓинпинг да ја посети Украина, објави денеска новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски/Фото: Архива

„Подготвени сме да го видиме овде“,

изјави Зеленски во интервју за новинската агенција.

Кинескиот претседател не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина, но Пекинг минатиот месец објави план од 12 точки кој нуди политичко решение на украинската криза.

Ѓинпинг минатата недела престојуваше во тридневна официјална посета на Москва каде што разговараше и потпиша неколку договори со рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, разговорите не покажаа напредок околу прашањето за ставање крај на војната во Украина.

Путин по средбата со кинескиот колега изјави дека мировниот план што го нуди Пекинг може да се искористи како основа за ставање крај на војната, но тој е изводлив единствено кога за тоа ќе бидат подготвени Западот и Киев.

Планот на Кина не бара експлицитно Русија да ја напушти Украина, туку повикува на мировни преговори и почитување на националниот суверенитет, без конкретни предлози.

Соединетите Американски Држави (САД) го отфрлија предлогот имајќи предвид дека Кина одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина.

САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на руската војска повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска во увид на реконструкцијата на „Рузвелтова“

Следно

Зеленски: Една западна држава ни донираше противвоздушен систем, кој не функционира

Latest from Blog

Јошко Гвардиол во Сити до 2031 година

Тимот на Манчестер Сити уште долго време ќе биде предводен од еден од најдобрите дефанзивци на планетава, хрватот Јошко Гвардиол. Тој денеска и официјално потпиша нов договор со клубот кој што е

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија

По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушнала експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата. 🇯🇵

Македонските возачки дозволи веќе не важат во Италија

Македонските граѓани се соочуваат со проблеми при користење на возачките дозволи во Италија. Дел од туристите не можат да изнајмат автомобил без меѓународна возачка дозвола, додека иселениците повеќе не можат директно да

ВЛЕН: ДУИ го блокира Законот за правична застапеност од политички причини

Прес конференција на Дритон Сулејмани, ВЛЕН  Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради
Go toTop