Зеленски: Германија направи значаен чекор напред

January 6, 2023
1 min read

Германија и САД во четвртокот објавија дека ќе ѝ достават на Украина оклопни возила. Во заедничката изјава по разговорите меѓу претседателот Џо Бајден и канцеларот Олаф Шолц, Соединетите Држави соопштија дека на Украина ќе и дадат борбени возила на пешадијата Бредли, додека Германија ќе обезбеди борбени возила Мардер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно изрази благодарност откако Вашингтон, Берлин и Париз ветија дека ќе ја снабдат земјата со оклопни борбени возила.

„Успеавме да ја доведеме украинската сила и одбранбената соработка со партнерите на ново ниво. Од сега Украина има повеќе воздушна одбрана, повеќе оклопни возила, за прв пат западни тенкови, повеќе оружје и проектили“,

рече тој во видео обраќање.

Германија направи значаен чекор напред во зајакнувањето на безбедноста не само на Украина, туку и на цела Европа, додаде Зеленски.

Германија и САД во четвртокот објавија дека ќе ѝ достават на Украина оклопни возила. Во заедничката изјава по разговорите меѓу претседателот Џо Бајден и канцеларот Олаф Шолц, Соединетите Држави соопштија дека на Украина ќе и дадат борбени возила на пешадијата Бредли, додека Германија ќе обезбеди борбени возила Мардер.

Објавата уследи по одлуката на Франција претходно оваа недела да испорача извидувачки возила опишани како „лесни тенкови“. Вашингтон потоа најави дополнителна воена помош од 3 милијарди долари во петокот, најголемиот единствен пакет помош до сега.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во соопштение за печатот појасни дека оружјето и воената опрема за Украина првенствено вклучуваат борбени возила на пешадија Бредли, артилериски системи, оклопни транспортери, ракети земја-воздух и муниција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИСКОРИСТЕТЕ ГО СОНЦЕТО – ни доаѓа големо разочарување, подгответе се и за студ!

Следно

Пронајдено тело на 68-годишна жена во Скопје

Latest from Blog

Меџити го поддржува независниот кандидат Зули Демири за подобро Врапчиште

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, заедно со соработниците Беким и Арбен, остварија средба со жителите на општина Врапчиште, каде што ја изразија силната поддршка на

Вучиќ најави ново оружје: “ПРВИ ЌЕ ГО ИМАМЕ ВО ЕВРОПА, 2026 година ќе биде најдобра во економска смисла“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во големо божиќно интервју зборуваше за сите актуелни и важни теми. Тој најави дека новата 2026 година ќе биде најдобра во економска смисла, а зборуваше и за

Се зголеми невработеноста во Германија

Стапката на невработеност во Германија во декември изнесува 6,2 отсто, а бројот на невработени се зголемил за 3.000 во споредба со октомври, достигнувајќи 2.908 милиони, покажуваат денес објавените податоци на тамошната Федерална
Go toTop