Здруженија на жртвите бараат истрага против Додик и Вучиќ за негирање на геноцидот во Сребреница

April 17, 2024
1 min read

Здружението на жртви и сведоци на геноцид и Здружението „Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ побараа од правосудните институции во Босна и Херцеговина да поведат истрага против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот.

– По вчерашните скандалозни изјави на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, го повикуваме Обвинителството на БиХ, како и Обвинителството во Федерацијата БиХ, да спроведат истрага против нив согласно нивните надлежности. Негирањето на злосторствата, но и канонадата на навреди кон новинарите, особено искажани кон новинарот на Н1 ТВ, мора да доведат до вклучување на надлежните органи во истрагата, инаку вокабуларот на примитивци ќе стане практика. а понижувањето на жртвите и на сите останати ќе стане модел, се наведува во барањата од здруженијата.

Здруженијата бараат Министерството за правда преку Министерството за надворешни работи на БиХ да го извести Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Обединетите нации за негирањето на судската пресуда од февруари 2007 година според која Србија за одговорна за неспречување и неказнување на геноцидот во Сребреница“.

Вучиќ, за време на вчерашната посетата на Саем во Мостар, изјави дека „пред Меѓународниот суд на правдата е утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“.

Од здруженијата истакнуваат дека Вучиќ со таквата изјава го прекршил Кривичниот законик на БиХ, кој беше изменет со одлуката на високиот претставник за негирање на пресудите на меѓународните и домашните судови и негирање на злосторствата геноцид и злосторствата против човештвото.

Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ утре ќе отпатуваат Њујорк, по повод најавата за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата за Сребреница подразбира одлука да се одбележува 11 јули секоја година како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година.

Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не запираат фрустрациите со промената на личните докумети

Следно

Вработените во Гугл протестираат против договорот на компанијата со Израел

Latest from Blog

Меџити: Промените во Србија се можност за нов пристап кон регионалната соработка

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во своја објава оцени дека во Србија „победила промената“, опишувајќи го исходот од предвремените парламентарни избори како тежок пораз за Александар Вучиќ

Милошоски домаќин на Холовнија: Потпретседателот на полскиот Сејм во официјална посета на Македонија

Потпретседателот на полскиот Сејм во посета на Македонија: Средби со Милошоски и Мисајловски Потпретседателот на Сејмот на Полска, Шимон Холовнија, денеска доаѓа во официјална посета на македонското Собрание. Според најавената програма, Холовнија

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ
Go toTop