Заврши гласањето во вториот круг од претседателските избори во Туркије

May 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Избирачките места низ Туркије се затворија, со што гласањето во вториот круг од претседателските избори во земјата заврши во 17 часот по локално време, јавува Анадолу.

Повеќе од 64,1 милион луѓе беа регистрирани за гласање, вклучително и над 1,92 милиона што претходно гласаа на гласачките места во странство.

Вкупно 191.885 гласачки кутии беа поставени за гласачите низ Туркије.

Избирачките места на граничните премини, исто така, беа затворени денес, додека гласањето во дипломатските претставништва на Туркије во странство заврши на 24 мај.

Започнува пребројувањето на гласовите за да се утврди исходот од претседателската трка за петгодишен мандат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу.

Милиони гласачи излегоа на гласање во првиот круг избори на 14 мај за да изберат претседател на земјата и членови на нејзиниот Парламент од 600 места.

Народна алијанса на Ердоган освои мнозинство над шестпартитната опозициска Национална алијанса во Парламентот.

Но претседателската трка продолжи во вториот круг бидејќи ниту еден кандидат не освои просто мнозинство или 50 отсто од гласовите, иако Ердоган беше во водство.

Во 17:00 часот по локално време заврши просецот на гласање од вториот круг на претседателските избори во Туркије. Започна процесот на пребројување на гласовите, известува Анадолу.

Денес низ цела Туркије беа поставени 191.885 гласачки кутии на 973 места, во 1.094 избирачки одбори за избор на претседател на Туркије, кој ќе ја извршува функцијата пет години. На изборите што денес се спроведоа на територијата на Туркије, право на глас имаа над 64 милиони гласачи.

Во вториот круг на изборите во Туркије, право на глас дополнително имаа и 47.523 гласачи кои во меѓувреме наполнија 18 години.

Гласачите гласаа со еден од официјалните документи на Република Туркије на кој има матичен број и фотографија, кои го откриваат нивниот идентитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Уставните измени треба да се донесат до крајот на годинава, порачува Агелер

Следно

Затворени избирачките места во Турција – почнува пребројувањето на гласовите

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop