Завојуваните страни во Судан договориле седумдневен прекин на огнот

May 3, 2023
1 min read

Претходните прекини на огнот теоретски се движеа од 24 до 72 часа, но беа постојано прекршувани во конфликтот што изби на 15 април меѓу суданската армија и паравоените сили. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето и продолжуваат со борбите и покрај предупредувањата дека може да прераснат во катастрофална граѓанска војна

Суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка – двете завојувани страни во Судан – постигнаа начелен договор за седумдневен прекин на огнот, и покрај тоа што воздушните напади на главниот град Картум го нарушија последното во низата краткотрајни примирја договорени од двете страни.

Двете страни, исто така, рекоа дека ќе испратат свои претставници на мировни разговори што ќе се одржат на договорено место по нивен избор, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР) на Јужен Судан.

Претходните прекини на огнот теоретски се движеа од 24 до 72 часа, но беа постојано прекршувани во конфликтот што изби на 15 април меѓу суданската армија и паравоените сили. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето и продолжуваат со борбите и покрај предупредувањата дека може да прераснат во катастрофална граѓанска војна.

Со оглед на претходните прекршувања на договорените прекини на огнот, сè уште не е сигурно дали прекинот на огнот меѓу армијата на суданскиот воен командант Абдел Фатах ал-Бурхан и генералот Мохамед Хамдан Дагал, кој ги предводи паравоените сили за брза поддршка, ќе се одржи од 4 до 11 мај.

Од почетокот на војната пред три недели, повеќе од 100 000 луѓе го напуштија Судан. Според Обединетите нации (ОН), во борбите загинале најмалку 528 луѓе, а најмалку 4 599 се ранети, иако овој број може да биде поголем.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Белата куќа не ме информирала за протекувањето американски доверливи документи

Следно

Акар: „Заменик-министрите за одбрана на Туркије, Русија и Украина ќе се сретнат во Истанбул“

Latest from Blog

Макрон: Разговарав со Трамп, подготвени сме да испратиме војска на Ормутскиот теснец

Макрон се огласи на социјалните мрежи за да каже дека детално разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток со Трамп. „Ги пофалив решителните напори што ги предводи за постигнување договор меѓу САД и

Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски

Рокас: Напредокот во енергетиката ја приближува Македонија до ЕУ

Скопје, 1 јуни 2026 – Усвојувањето на стратешките документи во енергетиката и напредокот во процесот на правична транзиција претставуваат значаен чекор за Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, оцени
Go toTop