Screenshot

Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

August 11, 2026
2 mins read

Владите на западните земји треба поактивно да го поддржуваат ископот и преработката на критичните минерали со јавни средства, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Во најновиот извештај на Центарот се посочува дека голем број проекти за критични минерали во западните земји се соочуваат со недостиг од финансирање. Последица од тоа е продолжување на зависноста од Кина за суровини неопходни за современата технологија, индустријата и одбраната.

Додека западните економии сè повеќе ги комбинираат јавните средства со приватниот капитал за да го забрзаат развојот на нови рударски проекти, Македонија сè уште не успева да ја реализира ниту една од своите поголеми најавени инвестиции во критични минерали.

Меѓу нив е и проектот за бакарен рудник Иловица, инвестиција која со години останува во застој и покрај глобално растечката побарувачка за бакар.

„Стратешката важност на критичните минерали повеќе не е тема за дискусија. Иницијативите низ западниот свет и последователните изјави на лидерите на Г7 отидоа многу подалеку од препознавањето на предизвикот за склопување на нови партнерства, сојузи и механизми за финансирање. Но, на крајот на краиштата, оваа геополитичка трка за ресурси со висок ризик нема да се добие само преку соопштенија или нови институции. Ќе ја добијат земјите кои ќе можат да мобилизираат капитал со брзината и обемот потребен за да се префрлат стратешки важните проекти во производство и да се поврзат со отпорни синџири на снабдување во производството“, се истакнува во Извештајот.

Претходно, повеќе домашни експерти повикаа Македонија да фати приклучок во трката закритични минерали во соработка со западните партнери и да го искористи својот ресурсен потенцијал. Токму во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години. Но, за разлика од апелот на Центарот за стратегии за критични минерали со јавни средства да се поттикнуваат инвестиции, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал и првата фаза за изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра. Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање.

Инаку, како што се додава во Извештајот, голем предизвик на Западот е што не постои доволна количина на бакарен концентрат за топилниците.

„Иако некои рударски компании поседуваат интегрирани операции за топење и рафинирање, многу рударски компании се потпираат на независни топилници и рафинерии за претворање на бакарниот концентрат во рафинирани бакарни катоди. Овие независни операции работат според бизнис модел на наплата, каде што приходите се генерираат преку надоместоци за третман и рафинирање. Брзата експанзија на глобалните капацитети за топење – особено во Кина – го надмина растот на снабдувањето со бакарен концентрат, оставајќи ги топилниците да се натпреваруваат за ограничена суровина“, истакнува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Во текстот се додава дека Кина помеѓу 2001 и 2023 година распределила приближно 98 милијарди долари за финансирање на проекти за критични минерални проекти, помагајќи им на кинеските фирми да обезбедат удели во стратешки средства и долгорочен пристап до суровини. Според Центарот, резултатот од овие активности е застрашувачки степен на доминација на пазарот.

Основниот заклучок на извештајот е дека ниту една влада, институција или приватен инвеститор не може да го финансира целиот процес на истражување, развој, преработка и производство потребен за создавање на отпорни синџири на снабдување, независни од Кина. Меѓународната агенција за енергетика проценува дека ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови критични минерали, врз основа на наведените политички цели. 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БИОМЕТРИЈАТА НА ЕУ СОЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОД КОРИСТ – Осум држави бараат од Брисл летното олабавување на биометриските проверки да продолжи и по 6 септември

Следно

Трамп се огласи за Инфантино: Тоа би била ужасна грешка…

Latest from Blog

Проданоски со апел до граѓаните поради топлотниот бран: „Внимателно на високите температури“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати апел до граѓаните, работодавачите и вработените за зголемена внимателност поради високите температури и актуелниот топлотен бран. Проданоски потсетува дека е активирана Фаза 2 од Акцискиот

Трамп се огласи за Инфантино: Тоа би била ужасна грешка…

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој е под зголемен притисок по судирот со водечките континентални фудбалски организации. Трамп рече дека би било „страшна грешка“

БИОМЕТРИЈАТА НА ЕУ СОЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОД КОРИСТ – Осум држави бараат од Брисл летното олабавување на биометриските проверки да продолжи и по 6 септември

Биометрискиот систем на ЕУ предизвикува сериозни гужви и повеќечасовни чекања на границите, па дел од аеродромите привремено ги суспендираат проверките кога ќе бидат преоптоварени со патници. Поради проблемите во шпицот на летната

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни
Go toTop