Залужни: Третата светска војна веќе започна

November 22, 2024
1 min read

Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала.

„Верувам дека во 2024 година можеме со сигурност да кажеме дека Третата светска војна започна. Причината за тоа е што во 2024 година Украина повеќе не се соочува само со Русија. Украина се соочува со војници од Северна Кореја. Да бидеме искрени, иранските беспилотни летала од типот Шахед отворено убиваат цивили во Украина“, рече Залужни.

„Ракетите произведени во Северна Кореја се лансираат кон Украина, а тие тоа не го кријат. Гранати од кинеско производство експлодираат низ цела Украина, а делови од Кина се инсталираат во руски ракети“, додаде тој.

Залужни нагласи дека мнозинството воени офицери се согласуваат дека сите овие фактори укажуваат на тоа дека светската војна веќе започнала и дека светот мора да биде подготвен за тоа, пишува Украинска правда.

„Она што долго време го очекувавме сега се случува. Но, сакам да кажам дека Господ дава можност, не само на Украина, туку и на целиот свет, навреме да дојде до вистинските заклучоци. Се уште има шанса да се запре ова овде, на територијата на Украина“, изјави Залужни.

„За жал, нашите партнери одбиваат да го разберат ова поради некоја причина. Јасно е дека Украина веќе има премногу непријатели. Украина ќе преживее благодарение на технологијата, но останува прашањето дали може сама да ја добие оваа битка. Поради сето ова сметам дека светската војна веќе започна“, заклучи тој.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турската дипломатија Фидан разговараше со палестинскиот премиер Мустафа

Следно

Андовски: 66.674 граѓани бесплатна вакцинирани против сезонски грип

Latest from Blog

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на

Инфатино испратил писмо до Аргентина

gianni_infantino x Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му честиташе на првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, за настапот на тимот на големиот турнир, иако „гаучосите“ останаа без трофеј во финалниот

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој

Кражба “тешка“ 5 милиони евра во електровлечната подстаница Драчево

Кражба тешка пет милиони евра се случила во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, соопштуваат од министерствто за транспорт.. Оттаму велат дека при кражбата е предизвикано целосно уништување
Go toTop