Зајкова: Со Предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

November 23, 2024
1 min read

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, повикува на детално разгледување и поскоро носење на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, кој вчера по втор пат го поднесе во македонското Собрание.

„Со поднесувањето на овие измени и дополнувања испраќаме силна порака дека сме на страната на граѓаните. Во време на се уште не излечена економска криза и најава за можна нова, последно нешто што им треба на граѓаните се дополнителни финансиски оптоварувања. Предлагаме конкретни мерки, од кои корист ќе имаме сите ние кои секојдневно ги користиме банкарските услуги. Затоа апелирам до колегите-пратеници од сите пратенички групи, да застанеме на страната на граѓаните и да покажеме дека вистински се грижиме за нив“, вели Зајкова.

Со усвојувањето на предложените законски решенија граѓаните ќе се заштитат од плаќања на надоместок или провизија за водење и одржување на сметка на платежна картичка, регистрирање и користење на услугата за електронско банкарство, проверка на состојбата на сметка на банкомат и издавање на изводи за состојба на сметка од експозитура на банка.

Дополнително, ќе се укинат трошоците за повлекување на готовина од сметки од банкомати, за издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина за платежна картичка, како и трошоците за разгледување и обработка на барања за кредитни аранжмани, за станбени кредити и други провизии за кредит.

Уште една мерка која ја предвидува овој предлог-закон е ограничување на надоместокот за провизија за учесникот во платниот промет кога врши уплата преку уплатница или образец.

„Носењето на правилни и добри законски решенија ќе доведе до зголемување на финансиската моќ и ќе ги опфати сите домаќинства. Не случајно и главната порака на оваа наша кампања е ‘Твоја Сметка – Твои Пари“. Доколку овој пат предлогот ги помине сите собраниски филтри и заедно со пратениците од сите партии го изгласаме, парите навистина ќе ги вратиме во џебот на граѓаните“, додава претседателката Зајкова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја, ЕСМ наскоро ќе биде вратено во нормала

Следно

Кузеска: Додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп поставува нови стандарди за здрава животна средина

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината интензивно работи на имплементација на современ систем за селекција и управување со отпад, со

Со торпедо е погодена иранска фрегата- 80 загинати, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“. Хегсет рече дека бродот бил „потопен

Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. -Меѓу позначајните новини кои се

Битола ја продолжува ракометната приказна: Општината и РК „Еурофарм Пелистер“ ја обновија платформата за соработка

Општина Битола и Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ ја продолжуваат заедничката платформа за развој на ракометот во градот. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на клубот, Зоран Стерјев, денеска ставија потписи на
Go toTop