Кузеска: Додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила

November 23, 2024
1 min read

Денеска реагираме на ароганцијата и негрижата на ДПМНЕ за граѓаните и нивниот животен стандард, вели на прес-конференцијата Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Без аргументи и без било какво чувство за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните соочени со големи поскапувања и раст на трошоците за живот ДПМНЕ ги одби амандманите на СДСМ за покачување на платите

Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците, одбиен е амандманот за покачување на платите на полицајците за 20%, на пожарникарите, на платите во образованието.

Гледаме анти-социјални политики на Мицкоски и ДПМНЕ враќање на моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила. Се што е предлог за покачување на плати власта го одбива.

СДСМ поднесе предлог-закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но ВМРО-ДПМНЕ и тоа го одби. 

Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци. Синдикалната кошничка е зголемена за 722 денари само за еден месец. Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите.

Нашите работници, наставници, пожарникари, полицајци заслужуваат почит, достоинство и фер плати. Наместо поддршка за нив и нивните семејни буџети, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остава на маргините.

Додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите.

Власта граба пари за себе, средствата ги пренамени за луксузирања на функционерите и министрите. Народот нека страда.

За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра. 

Апсурдно. Купување луксузни автомобили, мебел и зголемување на договорни услуги за функционерите додека илјадници семејства се прашуваат како ќе го преживеат месецот? 

Ова е буџет за власта, а не за народот. Нема инвестиции, нема развој, нема поддршка за граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да се бори за достоинствен живот за сите граѓани. Ќе продолжиме да поднесуваме предлози и амандмани кои обезбедуваат повисоки плати, подобри услови за работа и поддршка за најранливите категории.

Нашите политики се јасни: минимална плата од 450 евра сега, повисоки плати за полицајците и пожарникарите и фокус на социјалната поддршка и развојот на економијата. ДПМНЕ и Мицкоски арогантно ги игнорираат овие потреби на граѓаните денес, но народот нема да ги заборави нивните одлуки утре“, вели Кузеска.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зајкова: Со Предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

Следно

Три години од трагичната АВТОБУСКА НЕСРЕЌА во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија

Latest from Blog

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и
Go toTop