Забележани се 34 кинески авиони и 9 брода во околината на Тајван

February 1, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Во соопштението на тајванското Министерство за одбрана се наведува дека покрај два Су-30, два Џ-11, четири Џ-10 и шест Џ-16 борбени авиони, забележани се и еден Ј-8 ЕВ за поморски транспорт, еден Ј-8 АСВ за поморска патрола и два авиони за електронско разузнавање, Ј-8 ЕЛИНТ, како и воени беспилотни летала од типот БКЗ-005 и БКЗ-007 кои ги преминале воздушните и морските линии за кои се претпоставува дека ги ограничуваат областите на влијание на страните во Тајванскиот Теснец и летале над областа што Тајван ја прогласи за Зона за идентификација на воздушната одбрана.

Во соопштението се наведува дека 34 воени авиони и 9 брода забележани во околината на островот биле следени со електронски системи за надзор, патролни авиони, бродови и копнени ракетни системи.

Летовите уследиле откако новоизбраниот претседател на Чешката Република, Петр Павел, телефонски разговараше со тајванската претседателка Цаи Инг-Вен. Пекинг протестираше поради одржаниот состанок, со образложение дека тоа претставува „мешање во внатрешните работи на Кина“, „го прекршува принципот на единствена Кина“ и „им дава погрешен сигнал на сепаратистичките сили кои го застапуваат ставот за независен Тајван“.

По посетата на Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД, во август 2022 година, Кина почна редовно да спроведува воени патролни активности околу Тајван и летови кои ја преминуваат номиналната „средна линија“, која го дели Тајванскиот Теснец.

Сметајќи го островот како дел од својата територија, Пекинг го нагласува „принципот на единствена Кина“ и се противи на воспоставувањето независни дипломатски односи на Тајван со земјите од светот, негово претставување во Обединетите нации и другите меѓународни организации, при што условува земјите признаени од Кина да ги прекинат дипломатските односи со Тајван.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зијеш се договори со ПСЖ, па во последен момент му пропадна трансферот!

Следно

Авион принудно слета во Белград – жена почина за време на лет од Келн до Ниш

Latest from Blog

Министерство за финансии: Буџетските приходи над 204 милијарди денари, раст од 9,3% за седум месеци

5 август 2026, Скопје – Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното.

БЕЗБЕДНОСЕН АЛАРМ ВО СЕУТА – Меѓу новодојдените мигранти идентификувани лица поврзани со џихадизам

Шпанските безбедносни служби идентификувале неколку лица меѓу мигрантите кои минатата недела масовно влегоа во енклавата Сеута, а кои претходно биле предмет на истраги за кривични дела поврзани со џихадизам, објавија шпанските медиуми

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог објави Скопје1.мк

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Во реакцијата се

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна
Go toTop